за

Volkswagen објави старт за нарачките за Beetle Cabriolet Karmann

2. VW BEETLE, продадени примероци 7,891 (-2.5%)

Германците се горди на нивната „буба“ и го покажуваат тоа со специјалната серија Beetle Cabriolet Karmann. Новата моделска изведба има препознатливи стилски белези и уште повеќе опрема.

Beetle Cabriolet Karmann дебитираше на овогодишниот салон на автомобили во Лајпцих и го привлече вниманието на публиката со елегантната појава. Новиот кабриолет однадвор се распознава по платнениот покрив кој што е во „сијукс“ кафена боја. Кога покривот е склопен, врз неговото лежиште се поставува заштитна облога во соодветна боја со покривот. За каросеријата стојат на располагање вкупно седум бои, додека бандажите со дизајн Disc се лакирани во сива боја, исто како и капите на ретровизорите. На ексклузивниот модел укажуваат и натписите Karmann на предните крила.

Основата на опремата на Beetle Cabriolet Karmann доаѓа од нивото Design. Посебен печат во кабината ставаат спортските седишта коишто се обложени со алкантара, исто така во „сијукс“ кафена боја. На арматурната табла доминира украсен панел со изглед на алуминиум и педали со истиот финиш. Потпирачите за глава, кожениот волан, рачката на менувачот и рачката на паркирната сопирачка имаат контраст со сивата опшивка. Целиот пакет го заокружуваат ветерната брана и сензорите за паркирање. Во верзијата со 1,2-литарски TSI, Beetle Cabriolet Karmann чини 25.250 евра на германскиот пазар.

Специјалниот модел, исто како и Golf Cabriolet Karmann, изработен е во чест на каросерискиот специјалист Karmann којшто во периодот од 1949 до 1980 година произведуваше повеќе модели на Volkswagen, вклучувајќи ги кабриолет верзијата од „бубата“, првата и втората генерација на купето Scirocco, како и Golf Cabriolet.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Adam ги достигна првите 100.000 примероци

Seat Leon X-Perience: Теренец добар како семејно комби, по цена на компакт