Најголемиот европски производител ја зголеми испораката на возила во првите четири месеци за 5,3 проценти, со испорачани вкупно 1,91 милион возила.
Концернот од Волфсбург забележа раст на глобално ниво, но затоа продажбата во Европа и натаму опаѓа. Во истиот период, Volkswagen испорача за 7,5 проценти помалку возила, односно 545.300 возила. Во Западна Европа, без Германија, се испорачаа 279.300 возила (-7,9%). На домашниот пазар исто така опаѓа продажбата, со минус од 10,9 проценти и 180.500 возила. Мал раст сепак забележаа пазарите во Централна и Источна Европа, со 85.500 возила и плус од 1,9 проценти. Во Русија исто така се намали продажбата на 49.500 возила (- 2,1 %).
Позитивниот резултат на концернот доаѓа од зголемувањето на испораката на возила во Азија за 17,9 прпценти. Автомобилските марки на Volkswagen испорачаа вкупно 855.100 возила на купувачите во овој регион. Најголемиот дел од тоа, односно 783.900 возила (+20,0%) отпаѓа на Кина. Во Северна Америка исто така расте испораката на возила од марките на концернот. Тука Volkswagen забележа плус од 4,4 проценти и 196.200 испорачани возила.