Volkswagen не е заинтересиран за спојување со Fiat

Групацијата Volkswagen нема планови да преговара за спојување со Fiat, коментираше шефот Матијас Милер на изјавите на неговиот италијански колега на салонот во Женева.

Волфсбург е следната адреса на којашто шефот на италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler се обидува да најде партнер за соработка. Серџо Маркијоне пред медиумите на салонот во Женева изјави дека Volkswagen е добар потенцијален партнер и може да биде заинтересиран за спојување со неговата компанија. Шефот на Volkswagen, Матијас Милер, на тоа одговори дека германската групација не е заинтересирана за преговори за спојување или какви било други предлози од Маркијоне.

Италијанскиот шеф веќе неколкупати беше одбиен од General Motors, чијашто европска марка Opel од минатата недела е во сопственост на групацијата PSA.

Претходна објаваЕкс-дизајнерот на BMW седнува на цртачката табла во Infiniti
Следна објаваLexus го потврди серискиот старт на UX

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here