за

Volkswagen и Ford му се налутија на клубот ADAC

По аферата со клубот ADAC, производителите веќе почнаа да се дистанцираат. Конкурентските клубови исто така бележат нагло зголемување на интересот на возачите.

По избивањето на аферата со местењето на изборот на Golf за најпопуларен автомобил во Германија од страна на клубот ADAC, производителот Volkswagen планира целосно да се откаже од користење на титулата „Жолт Ангел“ во своите реклами. Гигантот од Волфсбург ќе го промени ставот дури откако од автомобилскиот клуб ќе добие целосно разјаснување на состојбите во него, а потоа ќе решава како понатаму ќе ја користи титулата.

Шефот на Ford, Бернард Матес, исто така е разочаран од фалсификатот на изборите на ADAC и очекува беспрекорно и транспарентно објаснување. Манипулациите на изборот нема да влијаат врз деловните односи меѓу Ford и клубот, кој возилата на германскиот производител ги користи во својот возен парк.

Конкурентските клубови регистрираа нагло зголемување на бројот на телефонски повици за помош при дефект на патот или за информации за патиштата. Бројот на посети на интернет страниците не некои од останатите германски клубови на возачи е зголемен дури за петпати по скандалот со ADAC.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Контроверзи околу новото разладно средство R1234yf

Dacia ја спаси продажбата на Renault