за

Фолксваген имаше одличен почеток на годината

Фолксваген во јануари ја зголеми продажбата во споредба со почетокот на минатата година. Концернот најмногу ја зголеми продажбата во Кина.

Концернот Фолксваген постигна значителен раст во продажбата, за добар почеток на годината. Германскиот концерн во јануари испорача на светскиот пазар 698.200 возила од сите свои марки.

Волфсбург ја почнува годината со раст од 13,3 проценти во споредба со првиот месец во 2023 година.

Тоа во најголем дел се должи на напредокот на пазарот во Кина, каде што поради тогашните ограничувања во пандемијата од корона и поради прославата на кинеската нова година, кога цела седмица мирува целиот јавен живот, трпеше продажбата на германскиот концерн.

Во споредба со 2023, јануарската продажба на марките од концернот Фолксваген во Кина порасна за 43 проценти, со вкупно 290.900 испорачани возила.

Наспроти тоа, во Западна Европа и во Северна Америка има мал пад во бројот на испорачани возила. Пазарот во Европа во јануари донесе три проценти во минус, со 224.600 возила, северноамериканскиот пазар имаше еден процент минус и 66.300 возила.

Голем раст има матичната марка на целиот концерн Фолксваген, чијашто продажба варираше во изминатиов период. На светскиот пазар, во јануари беа продадени 382.900 возила од марката Фолксваген. Тоа е за 18 проценти повеќе во споредба со лани.

Ауди пријави солидни 13 проценти во плус и 129.500 возила. Порше секако дека продолжи да напредува и во јануари ја зголеми продажбата на 26.600 возила, што одговара на раст од седум проценти.

Благодарение на засилената продажба во втората половина од годината, концернот Фолксваген лани продаде вкупно 9,24 милиони возила од сите свои марки, и со тоа забележа раст од 12 проценти.

Видеото од тестот на електричната Шкода Ениак Купе

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пежо: Вештачка интелигенција разговара со патниците и дава информации

Порше Панамера: Не еден или два, туку четири хибриди за спортската лимузина