за

Пежо: Вештачка интелигенција разговара со патниците и дава информации

Во сите модели на Пежо со онлајн-навигација ќе може буквално да се разговара со автомобилот, за да се извршат команди или да се дознаат информации.

Пежо е меѓу првите производители што на своите корисници им ги нуди услугите на вештачката интелигенција Чет ГПТ. Таа е дел од веќе одамна познатиот и-Кокпит и се вклучува преку говорната асистенција.

Кога во новите модели на Пежо ќе се изговори „ОК Пежо“, автомобилите на француската марка се подготвени да одговорат на кое било прашање и да понудат услуга каква што досега не се среќавала во автомобилите.

Според марката со лавот, услугата со вештачката интелигенција преку Чет ГПТ „го зголемува уживањето во возењето и стекнувањето нови сознанија.“

Пежо уште одамна направи храбри потези со воведувањето на и-Кокпит пред десет години во првиот Пежо 208 и по десет милиони продадени автомобили со овој систем, сцената има доверба во марката, кога треба повторно да се направат промени.

Чет ГПТ е опишана како генеративна вештачка интелигенција – кусо од „чет џенератив при-трејнд трансформер“ – штоп е развиена од ОпенАИ. Технологијата користи незамисливо обемен пристап до податоци, со цел на корисниците да им се даде соодветен, точен и јасен одговор.

За да се повикаат услугите на вештачката интелигенција, треба само да се изговори „ОК Пежо“ и да се постави барањето

Пример за користење на Чет ГПТ: По пристигање во некој град, може да се побара совет кои знаменитости се вредни да се посетат, да се дознае историјата на тие места, за потоа, ако човек е заинтересиран за тоа, да се побара системот за навигација да одведе до местото.

Друг пример е можноста патниците во возилото да учествуваат во квиз што ќе го режира вештачката интелигенција, на дадена тема… тоа ветува часови забава, а секако дека е посебно добредојдено кога се патува со деца и треба да им се смисли дополнителна занимација.

Пежо го вклучува Чет ГПТ во сите модели од новата генерација со и-Кокпит и онлајн-навигација, почнувајќи од фејслифтот на 208 до идниот Е-5008, вклучувајќи ги доставните модели.

Доколку возилото располага со онлајн-врска, Чет ГПТ може да се активира преку Пежо Сервис Стор. Французите потсетуваат дека станува збор за пробна фаза и дека овие напредни услуги ќе може да се користат бесплатно во период од 6 месеци.

Планот беше Чет ГПТ да им се понуди на првите 5.000 корисници што ќе се вклучат, меѓутоа поради големиот интерес, Пежо го удвои бројот на корисници, откако за само неколку денови повеќе од половината корисници решија да се претплатат на системот.

Чет ГПТ во почетокот ќе може да се користи во Франција, Германија, Шпанија, Италија и Велика Британија, а понатаму ќе се нуди и пошироко.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стелантис сака да произведува кинески ЕВ во Италија

Фолксваген имаше одличен почеток на годината