Кога температурите ќе почнат да се искачуваат, возачките и возачите во Британија кои сакаат да си ги разладуваат стопалата, се ставаат во ризик да бидат казнети со висока сума. Дополнително може да следат и казнени бодови, па дури и забрана.
Правилото број 97 од кодексот за возење по автопат, според законите во Велика Британија, предвидува задолжително носење обувки и облека што „не го попречуваат користењето на контролите на правилен начин“. Возењето со влечки се коси со овој закон.
Во случај на незгода или доколку полициската контрола забележи дека возачката или возачот носи влечки, тогаш следи изрекување на „казна за безгрижно и невнимателно возење“. Казната во висина од 100 фунти се наплатува веднаш, а ќе се одземат и три бодови од возачкото конто.
Доколку случајот заврши на суд, тогаш може да биде изречена казна во висина од најмногу 5.000 фунти, да се одземат девет бодови, а голема е можноста и да се добие забрана за возење. Иако многумина ценат дека не постои вистинска опасност, реалноста има бројни примери кога влечка падната под педалата за сопирање оневозможила безбедно запирање на возилото. Исто е опасно доколку стопалото е испотено, при што не може да се притисне доволно врз педалата за сопирање, затоа што стопалото лизга по влечката.
Истото важи и за гломазни обувки, особено обувки за снег, кои оневозможуваат прецизно дозирање, но и повлекуваат голема опасност во исто време да се притиска и врз гасот и врз сопирачките.
Неколку брзи совети за избор на обувки при возење:
- Ѓонот да не биде подебел од 10 mm
- Ѓонот не треба да е претенок или премек
- Треба да произведуваат доволно триење за стопалото да не излизга од педалите
- Да не бидат претешки
- Да не го ограничуваат движењето на зглобовите
- Да бидат доволно тесни, за да се избегне опасно притискање на две педали одеднаш
















