Виетнамски VinFast се откажа од изложување на салонот ИАА во Минхен

VinFast прво го потврди своето присуство на салонот ИАА Мобилити, но сега се откажа од намерата, на четири седмици пред да почне големиот настан на автомобилската сцена. Виетнамскиот производител на електрични автомобили не ги наведува причините.

За четири недели почнува минхенскиот ИАА Мобилити, наследникот на ИАА во Франкфурт. Подготовките за второто издание на салонот што е посветен општо на сите видови мобилност веќе се во напредната фаза. За две недели отсега, на саемскиот простор во Минхен ќе почне и поставувањето на штандовите.

За производителите што допрва ќе пројават интерес да учествуваат на салонот, можно е повеќе да нема место. Но, времињата се сменети. Порано уште со месеци пред да почнат настаните од овој вид, се знаеше конечниот список на учесници. Денес и тоа е сменето. „Бизнисот со саемите, исто како и ИАА, стана многу флексибилен“, кажува Јирген Миндел, директор на германското здружение на производители на автомобили. „Доколку дури и на 3-ти септември, некој од производителите се реши да изложува – и доколку сме сигурни дека тој ќе присуствува, тогаш ќе го овозможиме тоа“, вели Миндел. Уште има место, а „доколку затреба ќе направиме место за уште некој“, оптимист е директорот на Здружението што го организира ИАА.

Едно место навистина се ослободи. Виетнамскиот производител на електрични автомобили VinFast повторно го откажа своето учество. „VinFast нема да учествува на ИАА Мобилити 2023“, напишале Виетнамците во соопштението. Не се наведува причината.

Кинескиот производител на електрични автомобили Nio исто така долго време размислуваше да учествува на ИАА Мобилност, но на крајот се откажа.

Во моментов се водат преговори со некој од големите европски производители

Со тоа не им се создаваат проблеми на Здруженито и на Минхенскиот Саем. Тоа што беше крајно несериозно да се направи во времето на ИАА во Франкфурт, некој производител во последен момент да се откаже од учество, денес е сосем вообичаено во браншата. Тоа во меѓувреме стана пречеста појава. Доколку во иднина се случи откажување во последен момент, со што практично пропаѓа просторот што организаторите можат да го изнајмат за други изложувачи, ќе се плаќа своевидна казна. Висината на казната ќе биде предвидена и наведена во договорот со Саемот.

Организаторите се надеваат дека ќе успеат да привлечат уште неколку производители, вкллучувајќи и голем европски производители.

ИАА Мобилити ќе се одржува во Минхен, од 5-ти до 10-ти септември.

Претходна објаваДали Илон Маск станува најголемиот проблем на Tesla
Следна објаваToyota Land Cruiser: Враќање кон корените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here