Дали Илон Маск станува најголемиот проблем на Tesla

Кога Tesla направи пробив на поширокиот пазар со своите електрични автомобили, луѓето реагираа со спротивставени ставови. Фановите беа одушевени, противниците се жалеа за лошата изработка на американскиот електричен автомобил, посебно за нерамномерните и широки зјаеви на каросериските панели.

Tesla до денес успеа да надмине голем број од недостатоците, но дури и купувачите на тие автомобили од почетоците на марката, и денес се главно задоволни со своите автомобили. Тоа го покажа истражувањето на новинската агенција Блумберг.

Блумберг во 2019 година првпат спроведе истражување, прашувајќи повеќе од 7.000 купувачи на Model 3 во САД за тоа какви се нивните искуства со автомобилите. Истото истражување беше повторено годинава, со 5.000 од тогашните испитаници. Со оцените за моќноста (4,95 од 5 бодови), практичноста (4,83 од 5), дизајнот (4,77 од 5) и издржливоста (4,69 од 5) на своите автомобили, тие во просек се или задоволни и мошне задоволни. Резултатот е за почитување.

Слабее популарноста на Маск

Ликот што стоеше зад тогашната еуфорија околу Tesla и околу Model 3 беше Илон Маск. Милијардерот долго време се ценеше како предводник на електромобилноста. Околу неговата личност се изгради култ. Тоа функционираше одлично, но со себе носеше голем ризик. Маск во изминатите години честопати излегуваше во јавноста со контроверзни ставови. Поради неговиот арогантен став, почна да му слабее имиџот меѓу фановите на Tesla.

Голем број испитаници навеле дека Илон Маск треба да престане да објавува на твит и треба да се држи подалеку од политиката. Многумина веруваат дека преземањето на Твитер му го одвлекло вниманието од задачите што треба да ги обавува во Tesla.

Од генерално позитивното мислење за Маск, оценето со 4,4 од можни 5 бодови во 2019 година, сега оцената за шефот на Tesla падна на 2,97 бодови.

Испитаниците имаа и можност да го искажат своето мислење за Маск со сопствени зборови. Противниците на контроверзниот шеф на Tesla ценат дека „славата му удрила во глава“, се држат резервирано – „не можам за Маск да кажам што било што треба да оди во јавност “, но и се категорични дека „никогаш повеќе нема да купам Tesla, сé додека Маск го има главниот збор.“

Уште еден резултат во истражувањето оди во таа насока. Главнината (87%) од возачите на Tesla во анкетата се задоволни од Model 3 и при купувањето на следниот автомобил нема да ја менуваат марката. Главни фаворити за следен автомобил им Cybertruck и Model Y. Но, повеќето од сопствениците што планираат да ја сменат марката, би избрале друг производител само поради тоа што им е одбивен Илон Маск. Тоа се 21,5 проценти од сопствениците.

За споредба, бројот на сопственциите што ќе се откажат од марката, поради слабиот квалтите или лошата услуга, изнесува 18,7 проценти.

Претходна објаваUber првпат работи со заработка, превоз се бара сé повеќе
Следна објаваВиетнамски VinFast се откажа од изложување на салонот ИАА во Минхен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here