за

Toyota Land Cruiser: Враќање кон корените

Осмата генерација на Toyota Land Cruiser со изгледот се враќа кон корените на ова легендарно име на сцената на теренските возила.

Toyota Land Cruiser Prado 150 доби наследничка и ознаката соодветно ѝ се смени во Серија 250. Платформата потекнува од Серијата 300, којашто од лани се продава на Средниот Исток и претставува луксузна изведба на моделот. Изгледот на новиот модел ќе усреќи многумина.

Почитувачите на култот на Land Cruiser ќе се израдуваат кога ќе ја видат новата генерација на овој иконски теренец. Осмата генерација на моделот што минува по секаков терен остапува од актуелната шема на сцената, со своите рамни рабови и мазни површини.

Со ваквиот изглед, новата Land Cruiser верно потсеќа на првата генерација на автомобилот, што пред 70 години беше развиен да ѝ служи на јапонската национална полиција.

За техниката, Toyota ветува уште поголема крутост на каросеријата и поштедливи погонски единици оптколу во претходничката, Prado 150. „Старинскиот“ изглед не го менува фактот што LC 250 располага со целосен обем од системи за асистенција, верно на филозофијата што Toyota ја почитува за целата гама. Секако дека во меѓувреме има и бројни новини во овие системи што се грижат и за безбедноста во возењето и за комфорот.

Првите испорачани примероци од новиот Land Cruiser ќе бидат изработени како специјална серија First Edition. Јапонскиот производител ја испочитува таа практика и при пазарното воведување на Yaris Cross. Салоните ќе почнат да примаат нарачки во октомври.

Стандардната изведба доаѓа со вообичаена форма на светлата

Од оваа ексклузивна серија се планирани само 3.000 примероци за европските земји. Моделите од First Edition се разликуваат и во стилот, односно имаат класични тркалезни светла и две комбинации на лакирање на каросеријата во две бои – едната е „Sand“ другата е „Smoky Blue“.

Land Cruiser е меѓу клучните моделски имиња што го градат имиџот на Toyota. Првата генерација од 1951 година ѝ донесе светска слава на дотогаш непознатата јапонска марка. Оттогаш се продадени 11,3 милиони примероци, во 170 држави.

Не е само еден Land Cruiser: Верзии 70, 250, 300

Toyota го нуди својот Land Cruiser ширум светот, но во три верзии што се разликуваат во значителен обем, зависно од регионот и од видот на примена на возилото.

Верзијата „250“ е таа што ќе биде достапна на европскиот пазар. Изведбата што се води како „Серија 70“ е конструирана како класичен теренец и како работно возило. Таа не се нуди официјално во Европа и може да се нарача само кај „сивите увозници“. На некои пазари, како Саудиска Арабија, достапен е знаменосецот од „Серија 300“, којашто таму се продава уште од 2021 година.

Toyota Land Cruiser 70

Денешната премиера ѝ припадна на „серијата 250“, верзија на Land Cruiser што ги задржува исклучителните терненски способности на своите претходнички, но притоа додава леснотија во секојдневието и практичност.

Toyota Land Cruiser 300

За службена примена, кога треба екипажот, алатот, материјалите и машини, да се донесат на тешко достапен терен, наменета е верзијата 70. Таа претрпе промени главно во погонот, со 2,8-литарскиот дизел, во замена за бензинецот со којшто досега се нудеше оваа серија. Од конструкциски аспект, „70“ се потпира врз цврста носечка рамка.

„Land Cruiser е горд што е суров и што може да се користи како товарно возило“, кажа глобалниот шеф на дизајн Сајмон Хамфрис, на денешната премиера на „Land Cruiser 70“. Исто како „Серијата 250“ и таа располага со низа системи за асистенција и воедно работи поефикасно, со неколку зафати во моторот и менувачот.

Верзијата 250 за Европа ќе вози со 2,8-литарскиот дизел со 205 КС и вртежен момент од 500 њутнметри, во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Може да се нарача и блага хибридна верзија, со 48-волтен стартер-генератор.

Испораките ќе почнат в година. Останатите детали за сите моделски изведби во гамата на Land Cruiser ќе ги објавиме наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Виетнамски VinFast се откажа од изложување на салонот ИАА во Минхен

Вредноста на автомобилите што изгореа на бродот Fremantle Highway се цени на 330 милиони долари