Дека Германците се фанови по анкети, студии, статистики, тоа не е ново. Последното истражување открива дека автомобилистите преблиску ги одминуваат велосипедистите. Законите пропишуваат најмалку еден и пол метар
Велосипедистите секојдневно се во опасност од автомобилите, кои доаѓаат преблиску до нив кога ги обиколуваат. Германските закони пропишуваат оддалеченоста да изнесува најмалку 1,5 метар, односно два метри, во случај кога на велосипедот се вози дете. Возачите не го почитуваат тоа. Берлинскиот дневник „Тагесшпигел“ истражуваше колкава е опасноста кога автомобил обиколува велосипедист од преблизу.
Сто велосипедисти од сите општини во германската престолнина возеле два месеци, опремени со сензори.
Резултатот по 13.000 километри и 16.700 престигнувања. Во 56% од мерењата, автомобилистите не го одржувале потребното растојание, а во 18% од случаите, тоа било и под еден метар. Сензорите регистрирале и 192 случаи, во кои растојанието било под половина метар.
Велосипедистите во Берлин ќе добијат патека со зелена подлога, широка 3,5 метри и во должина од 450 метри – во почетокот, само како пилот-проект
Во иднина, велосипедистите во Берлин ќе возат по таканаречени заштитени патеки. Нивната основа е бојадисана во зелена боја, а ширината им изнесува 3,5 метри. Црвено-бели пилони го разделуваат велосипедскиот од автомобилскиот сообраќај.
Во центарот на Берлин, на Холцмарктштрасе, во следните пет години ќе се тестира функционирањето на специјалната велосипедска патека во должина од 450 метри. Актуелното германско законодавство не предвидува патеки од ваков вид.
Уште едно достигнување на германската педантност: Казната за непочитување растојание при престигнување изнесува 30 евра. Тоа значи дека само од 100-те учесници во истражувањето, полицијата би наплатила казни во висина од вкупно 282.060 евра
Врска до резултатите од последното и од голем број други истражувања:
https://interaktiv.tagesspiegel.de/radmesser/index.html