Valeo доби 150 мио. € за масовно вградување 48-волтен хибрид

Valeo доби 150 мио. € за масовно вградување 48-волтен хибрид
Valeo доби 150 мио. € за масовно вградување 48-волтен хибрид

Добавувачот на автомобилската индустрија Valeo е вклучен во планот на француската влада за поттикнување на производството на штедливи и чисти автомобили во земјата.

Познатиот добавувач Valeo ќе биде меѓу клучните играчи што ќе придонесуваат за повторно заживување на автомобилското производство во земјата, откако истото претрпе силен удар поради корона-кризата. Улогата на Valeo ќе биде да ги снабдува производителите на автомобили во Франција со нова технологија што ќе води кон намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на штетни материи. Француските власти ветија голема помош за производителите на автомобили, но условот е да се организира производство на штедливи и чисти автомобили, за земјата да стане европски лидер во поглед на електромобилноста.

Valeo е произведувач на 48-волтните системи што го сочинуваат популарниот благ хибриден погон. Добавувачот со долга традиција во индустријата ќе учествува во отворањето нови работни места во Франција и во поддршка на локалното стопанство.

Француската влада основаше инвестициски фонд со годишен буџет од 150 милиони евра, кој ќе овозможи Valeo да ги развива идните технологии во земјата и на тој начин да го зајакне своето локално присуство.

Франција со помош од 8 милијарди евра за авто-производителите

Renault Captur
Renault Captur

Претходна објаваВелосипедистите живеат подолго и поздраво од автомобилистите
Следна објаваBMW X2 спојува стил и плагин-хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here