за

Вајоминг сака да ги забрани електричните автомобили

Место да ја потпомогнат продажбата, политичарите во американската сојузна држава Вајоминг сакаат да ги забранат електричните автомобили.

Во Вајоминг сакаат да забранат продажба на електрични автомобили. Повеќе членови на Претставничиот дом и на Сенатот на американската сојузна држава потпишаа резолуција, што ќе му биде предадена на претседателот Бајден.

Додека државата издвојува милијарди, за Американците полесно да купат електричен автомобил, во сојузната држава Вајоминг се случува спротивното. Таму бараат да се забранат возилата со електричен погон. До Вашингтон е испратена резолуција, во којашто се бара постепено запирање на продажбата на електрични возила до 2035 година.

Причината: Експлоатацијата на нафта и гас е моќна индустриска гранка во Вајоминг. „Нафтената и гасната индустрија во Вајоминг, низ историјата на сојузната држава, создадоа небројни работни места, и на државата Вајоминг ѝ обезбедуваа приход“, пишува во резолуцијата. Покрај тоа, возилата со мотор со внатрешно согорување овозможиле сојузната држава да тргува. Фосилните горива и во следните години ќе биле од клучно значење за превозот на лица и стока во Вајоминг и во останатиот дел од Соединетите Држави.

Потписниците на резолуцијата ценат дека тоа што мрежата од полначи во земјата е недоволна, ќе оневозможи „широка примена на електрични возила во оваа сојузна држава“. Конечно, изградбата на станици со полначи во Вајоминг и во цела САД бара масивно да се вложува во ново производство на енергија, за да ја подржи „несреќата со електричните автомобили“.

Како следен аргумент, за продажбата на електрични автомобили да запре, тие ги наведуваат суровините што се користат за производство на батерии, коишто не може лесно да се рециклираат.

Сенаторот Бонер е еден од потписниците на резолуцијата: „Ме интересира, решенијата што некои луѓе ги сакаат против таканаречената климатска криза, да бидат вистински применливи. Ценам дека едноставно не е добро, кога останатите држави се обидуваат да наметнат технологија, што уште не е созреана.“

Подржувачите на резолуцијата сакаат да ги обесхрабрат граѓанките и граѓаните да купуваат електрично возило. Документот ќе им се предаде на претседателот Бајден и на калифорнискиот гувернер Гавин Њусом.

https://twitter.com/GillianMcKeith/status/1615285346358411266?s=20&t=dhcJTnQLrZTlM-2CgI58Rw

Сепак е мала веројатноста дека ова барање ќе наиде на разбирање во владата. САД масивно се залагаат за електромобилноста, и некои држави, меѓу кои Калифорнија и Њујорк, сакаат да забранат продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување. Рокот е ист како во ЕУ, до 2035 година. Бајден во средината на август потпиша закон против инфлацијата, којшто меѓу другото предвидува субвенции за изградба на фабрики за електрични автомобили и за производство на батерии во земјата. До 2030 година, половината од продажбата на нови возила треба да отпаѓа на електрични возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hertz и Uber ќе пуштат 25.000 електрични автомобили во европските градови

Уште еден Citroen со големата буква: C4 X стартува од 22.390€