Секогаш е раздвижено на германскиот автомобилски пазар, којшто е најголем во Европа и соодветно се појавува во улога на „сервисер“ со користени автомобили ширум Европа и надвор од регионот. Но, ако германските возачки и возачи треба да купат користен автомобил во странство, за некои земји постои голем отпор.
Електричните автомобили по одвај една година од регистрирањето во Германија, масовно се извезуваат во Скандинавија. Високите субвенции (своевремено и над 9.000 евра), на возачите во земјата им олеснуваат да купат електричен автомобил. Така субвенционираниот автомобил, по законскиот рок од една година, пак може да им се понуди поевтино на скандинавските возачки и возачи, каде што субвенциите се пониски или не постојат, па и истите модели се поскапи во Германија. Многумина заработуваат на тој начин.
Тоа е само еден пример за динамиката што се случува на автомобилскиот пазар. Следниот пример покажува еден сосем нов тренд на најголемиот и еден од „најбогати“ пазари во ЕУ.
Во последниве години, на германскиот пазар почнаа да пристигаат користени автомобили од Шпанија и Франција, затоа што се поевтини.
Голем дел од купувачите што планираат во следниот период да купат автомобил, немаат големи предрасуди за тие автомобили. За 42 проценти од заинтересираните, доаѓа предвид користен автомобил од Западна Европа. Повеќе од една третина (34%) се „за“ користен автомобил од Северна Европа.
Тоа го покажа истражувањето, што индустрискиот гласник „Аутомобилвохе“ го спроведе во соработка со агенцијата Civey. Во периодот од 14-ти до 22-ри септември, повеќе од 1.000 корисници одговараа на прашалникот, поврзан со тоа дали планираат во следните четири години да купат автомобил. Во предвид доаѓаа и повеќе одговори.
Скепса околу автомобилите од Источна и Јужна Европа
Купувачите помалку се расположќни за останатите региони во Европа. За користени возила од Јужна Европа, би размислил еден од секои пет купувачи (17 проценти), додека стар автомобил од Источна Европа би купил еден од седум возачи (14 проценти).

„Германските трговци со автомобили треба да ги искористат овие резултати, за стратешки да ја приспособат својата понуда и во исто време да ги земат предвид желбите и убедувањата на потенцијалните купувачи, за успешно да го опслужуваат пазарот“, кажува автомобилскиот експерт на Civey, Парвис Торгул. „Актуелниот недостиг од користени возила може во дел да се покрие преку увозот“, додава експертот.
Купувачите сепак се скептични околу купувањето користен автомобил од друга држава. Еден од три (35 проценти) одбива да купи автомобил што претходно бил регистриран во друга држава. Преостанатите 14 проценти од испитаниците немаат став околу изборот.