за

Британија ја смали потрошувачката на горива, се вози на струја

Високата побарувачка за електрични возила во Велика Британија го најавува падот за фосилните горива.

Близу една петина од продажбата на нови возила во Обединетото Кралство во минатата година отпаѓа на чисто електрични возила. Веќе е забележлив и падот во потрошувачката на фосилни горива во земјата.

Додека домашните производители на автомобили се жалат дека лани ја имале најлошата година за продажбата на возила во последните три децении, побарувачката за електрични возила порасна за 40% во споредба со 2021 година.

Електричните возила учестувале со 17 проценти во вкупната продажба на возила во Велика Британија лани, во споредба со 12 проценти во претходната година.

Преоѓањето на електричен погон ја смалува побарувачката за горива во светски рамки, што ги храни надежите за почист воздух и за десеткување на емисијата на стакленички гасови.

Графиконот јасно ги прикажува предвидувањата, како електричните возила во подолг рок ќе ја потиснуваат потребата од фосилни горива во Велика Британија до 2050 година

New item by Automedia MK / Google Photos

Во светски рамки, растечката продажба на електрични возила и постојаното намалување на потрошувалката на горива кај новите автомобили, годинава ќе доведе до намалување на глобалната потрошувачка за нафта за околу 870.000 барели дневно, според Светската агенција за енергетика со седиште во Париз. Тоа е нешто помалку од 1 процент од светската потрошувачка на нафта.

Со раст од 40,1% и продадени 267.203 батериски електрични автомобили во Обединетото Кралство лани, тие првпат ги престигнаа дизелите, коишто сега се трет најзастапен вид на гориво, со продадени 82.981 возила и пад од 38,9 проценти.

Лани во Обединетото Кралство се зголеми потрошувачката на горива во патниот сообраќај, исто како и во повеќето други држави, поради заздравувањето на економиите по пандемијата.

Меѓутоа, доколку се изземат 2020 и 2021 година, кога пандемијата влијаеше врз потрошувачката, просечната продажба на бензин уште е на најниско ниво по 1990-те години. Продажбата на дизел, којашто растеше до 2018 година, од јануари до септември лани се движела во просек на 2,42 милијарди литри месечно, што е најниско ниво по 2015 година, исклучувајќи ги годините на пандемијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По гаснењето на Fiesta и Focus, Ford отпушта илјадници во Европа

Електричниот Lexus RZ доаѓа со погон на сите тркала Direct4