за

По гаснењето на Fiesta и Focus, Ford отпушта илјадници во Европа

Најновиот круг отпуштања на Ford во Европа главно ќе ги погоди фабриките во Германија и центрите во Велика Британија.

Ford се реструктурира во Европа и ги напушта традиционалните модели, како Focus и Fiesta, што постигнуваат високи бројки во продажбата, но носат мала заработка. Американската компанија им се посветува на кросовери, СУВ и целосно електрични модели.

Американскиот производител на автомобили Ford планира во Европа да скуси илјадници работни места во развојот на модели и стотици места во административното подрачје. Најмногу ќе бидат погодени германските фабрики. Работничкиот синдикат IG Metall предупредува дека ќе повика на штрајк во производството, доколку се реализираат отпуштањата.

Во техничкиот центар на Ford во Меркених се очекува дека ќе бидат отпуштени 2.500 до 3.800 лица. Центарот е одговорен за развој на градскиот модел Fiesta и на компакт моделот Focus. Двата модели наскоро заминуваат од производство. Ford во моментов вработува 6.250 лица во развојот на модели во Европа.

Околу 700 работни места, што е 20% од работната сила, можно е да бидат укинати во европската централа на Ford во Келн. Уште околу 1.200 работни места ќе се скусат во бизнисот со резервни делови, исто така во Келн.

Позиции ќе се скусуваат и во центарот за истражување на Ford во Ахен, Германија, како и во техничкиот центар во Дантон во Велика Британија и во тест-центарот Ломел во Белгија.

Ford ќе има потреба од помалку работна сила во развојот на модели во Европа, додека се префрлува на продажба исклучиво на целосно електрични модели по 2030 година.

FORD TOURNEO е идентичен со Volkswagen Caddy 

Американската компанија вложува две милијарди долари за фабриката во Келн да се префрли за производство на два батериски електрични модели, што се базирани врз платформата MEB од групацијата Volkswagen. Едниот модел ќе почне со продажба годинава, другиот модел в година. Ford има партнерство со VW, за производство на 1,2 милион возила врз електричната платформа MEB во следните шест години.

Како дел од електричната офанзива, Ford планира вкупно седум нови електрични модели во Европа, како и фабрика за монтажа на батерии во Германија и заедничка инвестиција во производсрво на батериски ќелии во Турција.

Следната генерација електрични возила што ќе се продаваат во Европа по 2030 година, ќе користат нова архитектура, што се базира врз софтвер. Нејзиниот развој се одвива во САД, што значи дека ќе има помалку работа за инженерите во Европа.

Ford во јуни предупреди дека во видно време ќе следат „значајни“ отпуштања во фабриката во Валенсија, Шпанија, како и во фабриката во Сарлуис, Германија. Отпуштањата се предивикани од тоа што префрлувањето на производство на електрични возила значи и потреба од помалку работни часови за работната сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ford Motor Company (@ford)

Од седиштето на компанијата во Мичиген соопштија дека продолжуваат преговорите со германските синдикати и дека компанијата треба да биде поконкурентна, додека преоѓа на електрични автомобили.

На работниците во Ford ќе им биде соопштен точниот број отпуштања во средината на февруари.

Плановите на Ford предизвикаа негодувања на работничките здруженија ширум Европа

„Доколку преговорите меѓу синдикатот и управата во следните недели не обезбедат иднина за работниците, ние ќе се придружиме во процесот. Нема да се воздржуваме од реагирање за чекори што можат сериозно да ја погодат компанија, не само во Европа, туку и ширум Европа“, најавуваат од синдикатот ИГ Метал.

Ford во Европа произведува, продава и сервисира возила од марката Ford на 50 пазари, вработува околу 45.000 лица во сопствените фабрики и во компаниите во коишто учествува.

Најновиот бран отпуштања следи по три години од последното големо скусување на работната сила

Ford во 2019 година најави отпуштање 12.000 работни места во Европа, што претставува околу 20 проценти од работната сила, како и намалување на производствениот синџир во регионот, од 24 на 18 фабрики.

Престана производството во три фабрики во Русија, затворена е фабрика за мотори во Бриџленд, Велс, исто како и фабрика за менувачи во близина на Бордо, Франција.

Ford исто така ја затвори својата британска централа во Варли, Есекс, додека го задржа техничкиот центар во Дантон.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто BMW го сака водородот, за разлика од конкуренцијата

Британија ја смали потрошувачката на горива, се вози на струја