за

Британија помага училиштата да постават електрични полначи

Државата ќе потроши милиони фунти за поставување полначи за електрични автомобили во училиштата.

Училиштата ќе добијат милиони фунти за да постават станици за полнење електрични автомобили. Тие ќе заработуваат од услугата.

Британската влада преку невообичаена кампања ќе го поттикнува проширувањето на мрежата од електрични полначи во земјата. Училиштата ќе добијат пари од државата, за да постават станици за полнење за електрични автомобили, што ќе бидат достапни јавно. Заработката од продажбата на струја ќе оди директно во корист на училиштата.

Ентони Браун, парламентарен потсекретар за технологија и декарбонизација, најде нов начин да обезбеди повеќе станици за електрични автомобили. Поставувањето станици во јавните образовни установи што располагаат со сопствен паркинг, надвор од јавните улици, се финансира со 2.500 фунти, околу 2.900 евра,.

Владата презема до 75 проценти од трошоците и на образовните институции воедно им овозможува нов избор на приход. Државата досега учествуваше со 350 фунти.

Источен Сасекс ќе добие повеќе од пет милиони фунти

„Напредуваме со спроведувањето на нашиот план за возачите на автомобил, објаснува Браун, и додава: „Најновиот пакет мерки значи дека сопствениците на електрични возила насекаде ќе имаат придобивки од побрз и поедноставен пристап до станици за полнење.“ Само за Источен Сасекс биле одобрени повеќе од пет милиони фунти, кажува Браун.

Образовните институции се одушевени

Баронеса Баран, парламентарна потсекретарка во министерството за образование, ја поздравува идејата за субвенционираните станици за полнење. Таа оценува дека моделот е „поттикнувачка можност за училиштата во цела Англија“, за тие да се заземат за технологиите што се во корист на животната средина. „Училиштата што ќе ја искористат оваа помош, го подржуваат развојот на зелена инфраструктура“, објаснува Баран. Од тоа профитира и непосредната околина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пежо: Лани 17 пазари имале највисок удел на марката со лавот во последните 15 години

Илон Маск прогласен за најпреценет шеф во Америка