за

Илон Маск прогласен за најпреценет шеф во Америка

Шефот на Тесла во ноември го даде своето прочуено интервју „гоу фак јоурселф“. Светот на бизнисот смета дека Илон Маск е преценет.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, долги години беше ценет како чудотворец. Што тој и да направеше, се претвораше во злато. Тоа се потврдуваше со курсот на акциите на американскиот производител Тесла. Тие времиња завршија. Имиџот на Илон Маск избледува сé повеќе.

Топ листите за најуспешните компании и најбогатите личности му се омилени на светот. Економскиот магазин Форчун редовно го прави токму тоа. Уште поинтересно е кога ќе се погледне другата страна на медалот. На пример, кој шеф во моментот не е омилен во светот на бизнисот?

А, кој е на првото место годинава? Токму Илон Маск, шеф на фирми од ковот на Тесла, Спејс Икс, Боринг и Неуралинг. Маск долго време важеше за недопирлив. За само неколку години, тој стана најбогат човек во светот. Неговото невообичаено раководење со Тесла му носеше и слава и пари.

Како што пишува Форчун во најновата листа, денес колегите поинаку го гледаат Маск. На прашањето, кој е најпреценет извршен директор, дури 399 негови колеги кажаа дека тоа е Илон Маск, шефот на Тесла.

Маск ветува многу, но прави малку

Маск има манија да најавува нешта, и таа манија во меѓувреме сé повеќе излегува од контрола. Шефот на Тесла има најавено бројни проекти, продукти и цели, било преку својата друштвена мрежа Икс, било во интервјуата. Но, од сите тие најави, одвај дека нешто е исполнето.

Новите автомобили се појавуваат неколку години подоцна, ништо не биднува ниту од технолошките револуции што ги најавуваат неговите фирми, вработените се бунтуваат, а многу воспеваните продукти, како хуманоидни роботи, па и самиот Сајбертрак, јавноста ги исмева.

Маск при претставувањето на пикапот со каросерија од благороден челик, ветуваше дека тој е побрз од Порше 911. На едно видео од божемната трка на 400 метри, Сајбертрак не само што беше побрз од Порше, туку и влечеше Порше на приколка закачена на пикапот. Светот се одушеви, но тоа траеше кусо.

Снимката всушност била направена на само осмина милја, односно двесте метри, па дури и самата трка не била довршена, поради „безбедносни причини“. Во Тесла сепак биле убедени дека чисто математички, Сајбертракот сепак би го победил Порше.

Исто и хуманоидниот робот што се чинеше дека има човечки движења, всушност беше управуван од човек. Со бројните лаги на Маск, не само што избледуваше неговиот имиџ, туку се десеткуваше и вредноста на производите што беа зафатени од лагите.

Страотна загуба беше направена со преземањето на Твитер, денешен Икс. Маск тогаш плати 44 милијарди американски долари, продавајќи ги акциите што ги поседуваше на Тесла, за да го купи Твитер. Некогаш ценетата мрежа, денес вреди 71 проценти помалку. Тоа е загуба од 12,5 милијарди долари за само една и пол година.

На второто место на најпреценети менаџери е шефот на Дизни, Боб Игер. Шефот на кого што светот на бизнисот му ја признава вредноста, е првиот човек на Мајкрософт, Сатиа Надела, кој неодамна успеа неговата компанија да го престигне Епл како највредна компанија во светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британија помага училиштата да постават електрични полначи

Тест · Шкода Ениак Купе 85 Спортлајн