Како што беше и намерата на Маск, Тесла Сајбертрак е главна вест деновиве. Автомобилистите се со разединети ставови. Фановите го обожуваат необичниот изглед на пикапот и одвај чекаат да се сместат зад воланот. Наспроти тоа, критичарите го проколнуваат Сајбетрак и негодуваат не само поради изгледот, туку и поради слабиот квалитет на изработка.
Најновата дискусија ја поттикна снимка од краш-тест на Сајбертрак, што била прикажана при едно претставување на моделот пред јавноста. Видеото покажува како Сајбертрак удира челно во пречка со брзина од 56 километри на час.
Експертите ги запрепастува тоа што каросеријата, за којашто Тесла тврди дека е изработена од исклучително цврст нерѓосувачки челик, одвај се деформира под силата на ударот. Само мал дел од носот на пикапот трпи незначајни оштетувања.
Овој резултат ги вознемирува не само критичарите на тоа што Маск го нарекува монстертак, туку и признати експерти-проценители за незгоди, чиешто негодување го пренесоа бројни медиуми.
Едвард Нидермајер, критичар на Тесла, на платформата Блускај објаснува „хаубата се свива во само еден и единствен лак, место да се стутка како што е вообичаено, за да ги прими силите“.
Енергијата на судирот не се абсорбира, туку се задржува и се пренесува преку носечката структура на каросеријата. Тоа значи дека Сајбертрак „ќе пресече сé што ќе му се најде на патот“, критикува Нидермајер. „Пешаци, чувајте се!“
Коментарите на Маск се загрижувачки
Коментарите на Маск, што веројатно требало да бидат хумористични – „ако некогаш се најдете во кавга со други автомобили, Вие ќе победите“ – добија ироничен призвук покрај снимките на краш-тестот на Сајбертрак. Официјален краш-тест уште не е извршен.
#Cybertruck crash test is HORRIFYING according to Xperts, here’s why pic.twitter.com/wWf50L2lLb
— AI DRIVR (@AIDRIVR) December 9, 2023
Од прикажувањето на првиот прототип на Сајбертрак пред повеќе од четири години, бројни експерти искажаа загриженост, дека дизајнот на возилото ќе биде небезбеден во сообраќајот.
Оваа загриженост се оправда откако серискиот модел се појави без какви било зафати во дизајнот, во споредба со прототипот. Далеку е од неважно, тоа што Тесла Сајбертрак е долг 5,68 метри и широк 2,03 метри, а уште помалку тоа што тежи три тони.
Пикапот на Тесла предизвика бројни критики на друштвените мрежи. „Во краш-тестовите треба да се води сметка за луѓето да бидат безбедни, не автомобилите“, коментира корисник на мрежата Икс, патем и таа во сопственост на Илон Маск. Во друг коментар се критикува „Сајбертрак сепак има зона на гмечење, таа се состои од крв и месо.“
Not only does the rear suspension of the lame-named Cybertruck jiggle like pudding in a frontal crash, but its rear airbags also do not deploy — look for Musk / Tesla fanbois to claim this will be fixed with an over the air software update 🤡 😂 pic.twitter.com/yvnv1FgNCw
— Facts Chaser 🌎 🤦🏻♂️ (@Factschaser) December 3, 2023
Илон Маск не покажа особена загриженост околу тоа, додека го преставуваше својот електричен пикап и ги истакнуваше предностите од челичната конструкција на Сајбертрак. Тој напомена дека возилото забрзува подобро од Порше 911, има поголема влечна моќ од Форд Ф-350 со дизел мотор и поседува поголема крутост на свивање околу надолжната оска, од суперспортскиот Мекларен П1.
















