Алфа Ромео со координати го навестува името на малечкиот СУВ

Што сака да каже Алфа Ромео со координатите во најавното видео за следниот нов модел на миланската марка?

Како Миланците ќе го крстат својот следен важен новитет, по Тонале? Тоа ќе биде клучен модел, за Алфа Ромео повторно да ја удвои продажбата, откако компактниот СУВ-модел Тонале веќе еднаш го постигна тоа.

Алфа Ромео пушти спот долг петнаесетина секунди, со којшто ја подготвува сцената за следната новина во својата понуда. По Тонале, конкурент на Мерцедес ГЛА и Рејнџ Ровер Евок, Милано в година ќе додаде СУВ-модел од градската класа.

Најновото најавно видео на Алфа Ромео повторно наведува на претпоставката дека идниот модел ќе го носи името Бренеро. Во видеото од петнаесетина секунди, што порачува „можеби знаевме сето време“, Италијанците прикажуваат неколку географски координати. Сите четири места се важни за марката од Милано.

Едните координати се на музејот во Арезе, историското седиште на Алфа Ромео, во предградие на Милано. Следните координати во видеото се на Дуомо Ди Милано, Миланската Катедрала. Третата комбинација води на планинскиот превој Тонале, додека четвртите координати јасно водат кон превојот Бренеро.

Не е потребен посебен талент за од тоа да се заклучи дека малечкиот СУВ на Алфа Ромео сепак ќе се вика Бренеро. Моделите Тонале и Стелвио исто така се именувани според планински превои и логичен след е најмалечиот модел во идното СУВ-трио да биде именуван соодветно, односно Бренеро.

Во исто време, на нет се појавија слики за коишто се претпоставува дека го прикажуваат изгледот на малечкиот СУВ на Алфа Ромео. Според пишувањата на медиумите, сликите потекнуваат од дизајнер што бил задолжен да работи на внатрешноста на моделот. Алфа Ромео не потврдува дека тоа е вистинскиот изглед на новакот и наведува дека станува збор за неофицијален извор.

Алфа Ромео „Бренеро“ е сестрински модел на Фиат 600 и Џип Авенџер

Неизвесноста за името останува, а тоа што е познато за новиот модел: Третиот СУВ модел по Стелвио и Тонале ќе почне со производство уште во првиот квартал од 2024 година во фабриката во Тихи, Полска. Оттаму доаѓаат и Фиат 600 и Џип Авенџер. Моделот ја користи како основа платформата ЦМП, односно нејзината електрична варијанта е-ЦМП. Од 2026 година, Стелантис за своите следни модели од оваа класа ќе ја користи новата платформа СТЛА Смол.

Алфа Ромео „Бренеро“ ќе се нуди во електрична изведба и со благ хибриден погон

Освен со познатата комбинација од електромотор со 156 КС и батерија од 54 киловатчасови, со досег за 400 километри, идната Алфа ќе се нуди и во изведба со благ хибриден погон, со 1,2-литарски бензинец со 100 КС. Можно е понатаму да следи и изведба со електромотор и на задната оска, за погон на сите тркала. Џип веќе најави таква изведба од Авенџер.

Претходна објаваИталија со 6 милијарди евра ќе ја подржи домашната автомобилска индустрија
Следна објаваКритичарите за Тесла Сајбертрак: „Пешаци, чувајте се!“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here