Uber доби помош од 600 милиони долари од Кина

Кинескиот интернет-гигант Baidu влегува со 600 милиони долари во агресивниот стартап проект Uber. Фирмата во меѓувреме има нови закони од властите во Тајланд, Шпанија и САД.

Посредникот за заедничко користење на возила Uber, којшто ги нуди своите услуги преку апликации за iOS и Android, веројатно ќе добие нов голем инвеститор од Кина. Агенцијата Bloomberg денес објави дека интернет-гигантот Baidu влегува во Uber. Покрај пари, Uber ќе добие и пристап до онлајн-ресурсите на операторот на најголемиот кинески пребарувач. Со овој чекор Baidu ќе му овозможи на Uber да го освои големиот кинески пазар.

Bloomberg засега не ја објавува висината на инвестициите, но според информации од кинеското радио, спогодбата тежи околу 600 милиони американски долари. Во почетокот на декември, Uber собра 1,2 милијарда долари од инвеститорите. Старт-ап фирмата од Сан Франциско се проценува на околу 40 милијарди долари. Пролетоска, Uber обезбеди уште една милијарда долари.

Оваа услуга за заеднички превоз се наоѓа во голема експанзија и според наводите на сопствениците веќе е достапна во повеќе од 50 држави. Услугата се состои во тоа што нуди посредство во обезбедување на превоз со шофер, но и со приватни возачи. Такси-компаниите и државните институции негодуваат заради нечесната конкуренција, односно поради тоа што услугите на Uber не ги почитуваат важечките одредби за превоз на патници.

Два града во Калифорнија – Сан Франциско и Лос Анџелес – поднесоа тужби против Uber. Во тужбата се наведува дека фирмата изнела погрешни податоци за проверката на безбедноста на нејзините услуги на превоз. Во Индија, пак, постојат сомнежи околу сигурноста на превозот, откако жена од Њу Делхи се пожалила дека возач на Uber ја нападнал. Покрај тоа, властите во Шпанија и Тајланд целосно ја забранија работата на Uber.

Претходна објаваVolvo развива нов бензинец со три цилиндри
Следна објаваДр. Дре: Основачот на Beats е најпрофитабилен музичар според Forbes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here