Тојота и Хјундаи се откажуваат од трката со хибриди со долг досег, прескапо им е

Линк енд КО во моментов продава во Европа СУВ-модели со хибриден погон, каков што е „08“.

Производителите на автомобили ја зголемуваат батеријата во приклучните хибриди што се продаваат во ЕУ поради сменетиот начин на мерење на просечната емисија на ЦО2, што од 1-ви јануари се применува за новите модели на пазарот. Возилата со поголема батерија и подолг електричен досег, постигнуваат пониска емисија на ЦО2 при тестирањето според нормата ВЛТП.

Тојота не гледа потреба да ги следи останатите производители, како групацијата Фолксваген или кинеските марки, коишто го зголемија електричниот досег на своите ПХЕВ модели на преку 100 километри. Најновиот модел на Линк анд Ко, марка на Џили, со ознака 08, ќе постигнува досег од 200 километри.

Наспроти тоа, Ауди, премиум марката на Фолксваген, најави дека електричниот досег во третата генерација на Ку-3 ќе го зголеми од околу 50 километри кај стариот модел, на 119 километри.

Досег од 100 километри е „добар баланс“, вели директор на Тојота

„Откако ќе ја постигнеме таа точка на прелевање (100 км), ќе имаме добар баланс“, кажа на конгресот Андреа Карлучи, шеф за развој на модели и маркетинг на Тојота Европа. „Вградувањето поголеми батерии во возило што не е батериско електрично возило е поскапо, поради тоа што мора да вградите повеќе компоненти.“

Продажбата на ПХЕВ-моделите на Тојота во Европа порасна за 139 проценти во првите четири месеци од 2025 година во споредба со истиот период лани. ПХЕВ-изведбата на Ц-ХР, што Тојота ја пушти во продажба лани, постигна 21.367 продажби во периодов, што ѝ го донесе 6-то место во продажбата на возила со овој вид погон.

Ц-ХР постигнува електричен досег од 66 километри, додека ПХЕВ-изведбата на новиот РАВ4 ќе минува до 100 километри на струја.

Приклучните хибриди со продолжен досег и батериските електрични возила со помошен генератор (ЕРЕВ) постепено се пробиваат во понудата на европските производители. Трендот почна во Кина, главно од премиум производителите Ли Ауто и Аито.

БМВ потврди дека работи на ЕРЕВ, додека Волво почна со нарачки за Икс Ц 70 ПХЕВ во Кина, којшто постигнува досег од 200 километри.

Продажбата на ПХЕВ во Европа порасна за 11 проценти во првите четири месеци, на 366.670 возила. За растот најмногу се заслужни големоволуменските производители Фолксваген и Тојота, како и кинеските производители БИД и Чери.

ПХЕВ-моделите од големоволуменските марки напредуваа за 56 проценти, на 198.173 возила, престигнувајќи ги премиум моделите, чијашто продажба падна 16 проценти, на 169.497 возила.

Премиум марките досега владеееја на пазарот на ПХЕВ, придонесувајќи за значителниот раст во продажбата во овој сегмент.

„Кога да запреме?“ со досегот на ПХЕВ, прашува директорот на Хјундаи Европа

Продажбата на ПХЕВ-модели на Хјундаи порасна за 27 проценти, на 11.264 возила, со Санта Фе како главен двигател. Корејскиот производител најави дека развива ЕВ со помошен генератор за светскиот пазар, но не посочи дали има намера тие модели да ги продава во Европа.

„ПХЕВ и ЕРЕВ се преодни технологии, меѓутоа обидот за тие да се направат пософистицирани, со цел преоѓањето на ЕВ да станува сé подолго и подолго, станува комплексен и скап. Кога да запреме?“ праша извршниот директор на Хјундаи Европа, Ксавиер Мартине. Тој напомена дека решението „не е постојано да се усложнува со вградување два мотори и батерија.“

ПХЕВ во најголем дел ги заменија дизелите во сегментот на големите автомобили во Европа. Корисниците на службени возила во повеќе држави добиваат даночно олеснување за ПХЕВ-возило.

Од годинава, моделите со приклучен хибрид што првпат се пуштаат во продажба во Европа, мора да бидат тестирани со повисок „фактор на искористување“, со што треба да се постигне поверодостојна вредност на потрошувачката на гориво, блиску до реалниот начин на којшто се користат ПХЕВ-возилата во секојдневието. Со тоа двојно се зголемува емисијата на ЦО2 во хомологацијата на новите модели што стартувале со продажба по 1-ви јануари 2025. За моделите што веќе се на пазарот, новите закони ќе важат од почетокот на следната година.

ЕУ повторно ќе ги смени законите во 2028 година. „По две до три години, ќе биде уште помалку интересно да имаме ПХЕВ,“ додава Мартине.

Претходна објаваРено ја избра Канада како прв северноамерикански пазар за Алпин, спортска марка што треба да му парира на Порше
Следна објаваДефендер ги повикува авантуристите на нов Трофи, в година во Африка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here