Рено ја избра Канада како прв северноамерикански пазар за Алпин, спортска марка што треба да му парира на Порше

А390 ја продолжува традицијата на спортската марка Алпин и покрај тоа што има форма на кросовер, напоменуваат директорите.

Алпин, спортска марка на групацијата Рено, планира Канада да биде нејзиниот прв пазар во Северна Америка.

Изборот падна на Канада поради тоа што во голем дел од земјата се зборува француски и поради тоа што близу 80 проценти од населението живее во четири градови: Торонто, Монетреал, Отава и Калгари, соопшти извршниот директор на Алпин, Филип Криф.

Друга предност е тоа што увозните царини за Европа се 10 проценти, што Алпин ќе може да го покрие, поради тоа што се работи за премиум марка, додава Криф.

„Веројатно ќе почнеме со Канада,“ изјави Криф на конгресот на Аутомотив Њуз Европа што се одржа на 12-ти јуни во Торино.

Рено планираше да почне со продажба на Алпин во САД во 2027 година, но во април соопшти дека веројатно ќе го одложи тој чекор. Директорот за финансии на Рено, Данкан Минто, на 24-ти април кажа дека причина за доцнењето е неизвесноста околу царините за увозните автомобили.

Од премиерата на Алпин А390

На Когресот во јуни, Криф кажа дека царините од 25 проценти за увоз на возила во САД, што ги воведе администрацијата на Трамп, не биле единствената причина поради којашто била донесена одлуката.

„За да влезете во САД, треба да имате производ, дистрибутивна мрежа и имиџ на признаена марка. Тоа е огромен чекор,“ изјави Криф, кој е воедно и шеф на развојот во групацијата Рено.

Алпин во моментов ги има во понуда на европскиот пазар спортското купе А110 и градската комбилимузина А290 со електричен погон. Во мај имаше премиера целосно електричниот кросовер А390, којшто е осмислен како конкурент на електричниот Порше Макан. Се очекуваше А390 да биде дел од понудата на Алпин во САД, заедно со два поголеми модели што допрво треба да ја имаат својата премиера.

Алпин А110 од сто илјади евра и уште малку над тоа, и малечок модел на историскиот А110 од 1960-те, од инстаграм приказната, што покажува колку верно е пренесен оригиналот во денешниот модел

Алпин е основана во 1955 година од Жан Реден во Диеп, северна Франција, кој ги тјунира моделите на Рено со мали мотори. Алпин освојуваше првенства во рели, па дури стана и севкупен победник во Леман, откако во 1970-те се приклучи кон групацијата Рено.

Марката во раните 1990-те беше ставена во мирување, сé додека поранешниот шеф Карлос Гон во 2018 година не ја прикажа современата верзија на А110, што ги победуваше моделите на Порше на рели натпреварите во 1970-те години.

Претходна објаваКинеските електрични автомобили испаднаа подобри од германските
Следна објаваТојота и Хјундаи се откажуваат од трката со хибриди со долг досег, прескапо им е

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here