Triumph Scrambler со поздрав од Џејмс Бонд

Triumph Scrambler 1200 Bond Edition
Triumph Scrambler 1200 Bond Edition

Името му е Scrambler, Triumph Scrambler. Уште пред новиот филм за Џејмс Бонд, „No Time to Die“ да се појави во кино салите во ноември, британскиот производител на мотоцикли го нуди Scrambler 1200 во посебна изведба „Bond Edition“.

Колекционерскиот модел ќе се изработи во серија од само 250 примероци. Мотоциклот се одликува со посебни детали, како натпис „007“ на местото за поставување на стартен број врз издувниот лонец и на левиот страничен капак, како и со седиштето од вистинска кожа и голем број делови што се елоксирани во црна боја, во комбинација со златни акценти. Бојата е иста како кај мотоциклот што Даниел Крег го вози во филмот.

Останати детали се магленки со заштитна маска елоксирана во црна боја, издувен лонец од Arrow со делови од карбон, плус решетка за предното светло од благороден челик. На сопственикот, при предавањето на мотоциклот му се врачува и специјален пакет од „Бонд“.

Triumph Scrambler 1200 Bond Edition стартува со продажба во јуни.

https://www.instagram.com/p/CAco7g_pG_d/

Претходна објаваТретина од возачите му даваат име на својот автомобил
Следна објаваToyota сама си произведува енергија за европската централа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here