Трошоците за бродски транспорт им ги поскапуваат автомобилите на Кинезите

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа

Производителите на автомобили што сакаат своите возила да ги испорачаат на странските пазари по морски пат, мораат да зафаќаат сé подлабоко во џебот.

Само во последното тромесечје во минатата година, индексот на трошоци за готови возила (индекс FVL) се зголеми за 22,7 индексни бодови. Од јануари 2019 година, трошоците за бродски транспорт пораснаа за близу 140 проценти.

Здружението на европските логистичари за возила, коешто го пресметува индексот заедно со австрискиот огранок на PwC, како причина за ценовниот скок го наведува недостигот од капацитети.

Високата побарувачка за таканаречени Pure Car and Truck Carrier (PCTC) продолжува да ја зголемува цената на тарифата за чартер за бродовите PCTC.

Од друга страна, останатите сегменти од логистиката поевтинеа кон завршетокот на минатата година:

  • Индексот за патниот транспорт во последното тромесечје лани се намали за 4,1 бодови. Од почетокот на 2019 година, цените пораснаа за 29 проценти.
  • Транспортот по железница се намнали за 2,5 индексни бодови. Вкупниот раст на трошоците во изминатите трио години изнесува околу 22 проценти.
  • Индексот за авто-терминалите исто така се намали. Од октомври до декември 2022 година, тој се спушти за 3,1 бодови. Главната причина за тоа се намалените оперативни трошоци. Најмал раст, со 18 проценти, бележи сегментот на „Compounds“

Претходна објаваБлаг хибриден погон за Citroen C5 Aircross
Следна објаваToyota Corolla најпродавана и во април, целиот пазар брои 412 нови автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here