Трговскиот суд ги блокира царините на Трамп, биле нелегални

Администрацијата на Трамп понатаму може да поднесе жалба за ова решение до Федералниот Суд.

Одбор од тројца судии во Советот за меѓународна трговија на САД во Менхетен, на 28-ми мај издаде решение во корист на сојузните држави во коишто владеат Демократите и на група од неколку помали компании, коишто наведуваат дека Трамп бесправно се повикал на законот за вонредни состојби, за да ги оправда царините.

Случајот се однесува првенствено на реципрочните царини и не ги опфаќа царините за одредени индустрии, како што е автомобилската индустрија. Постоечката царина во висина од 25 проценти за увоз на автомобили продолжува да важи.

Решението сепак претставува еден од најголемите неуспеси на Трамп пред судовите, во цел еден бран од укази со коишто тој ги проверува границите до коишто досега неговата моќ како претседател.

Меѓу останатите примери се масовните отпуштања од државната администрација, ограничувањето на правото на државјанство по место на раѓање и обидите да се ограничат средствата од државниот буџет што Конгресот претходно ги има одобрено.

Откако Трамп ги најави царините на 2-ри април, се создаде огромна вознемиреност на глобалните пазари. Оттогаш, билиони долари се изгубија на берзите, за потоа да се повратат со неколкунеделно доцнење, со промени во политиката и со најави за постигнување спогодба. Тоа важи посебно за Кина.

Тужбата што ја поднесе непартискиот Либерти Џастис Центар, на барање на пет помали компании во САД, што увезуваат стока од земјите што се погодени со царините, претставува прво легално оспорување на царините на Трамп.

[the_ad id=”85764″]

Петте компании од најразлични сектори, почнувајќи од увозник за вино и жестоки пијалоци од Њујорк, до производител на наставни помагала и музички инструменти од Вирџинија, аргументираа дека царините се пречка за тие да продолжат со своите бизниси.

Тоа е само еден од седумте судски спорови за царинската политика на Трамп, заедно со споровите со 13 сојузни држави во САД и групи од мали компании.

Претходна објаваБМВ ќе изработи мала серија од концептот Спидтоп што чини 500.000 евра
Следна објаваИлон Маск заминува од владата на Трамп, потврди претставник на Белата Куќа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here