Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, заминува од владата на Трамп, откако спроведе бурна кампања за зголемување на ефикасноста, во којашто затвори неколку сојузни агенции, но пак не успеа да ја постигне очекуваната заштеда.
Претставник на Белата Куќа доцна во средата изјави дека е точно оти Маск ќе ја напушти владата и дека неговото „заминување ќе почне вечерва.“
Маск претходно испрати благодарност до Доналд Трамп преку својата друштвена мрежа Икс и објави дека завршило неговото време како специјален советник во Агенцијата за ефикасност на владата (ДОГЕ).
Неговото заминување беше брзо и без церемонии. Тој немал службен разговор со Трамп, пред да го објави своето заминување, наведува извор што е запознаен со случувањата и додава дека тоа било „решено на повисоко ниво“.
Иако уште не се познати околностите околу неговото напуштање на владата, тој си заминува по еден ден откако го критикуваше даночниот закон на Трамп, оценувајќи дека тој е превисок и претставува мерка којшто противречи на неговата работа во ДОГЕ.
Во последните неколку седмици, Трамп влегол во приватни спорови со службени лица во владиниот кабинет. Тој јавно го нападна советникот за трговија во Белата Куќа, Петер Наваро, ословувајќи го како „морон“, откако тој го одби предлогот на Маск да се воведе „нула царина“ меѓу САД и Европа.
[the_ad id=”85764″]
Мандатот од 130 денови на извршниот директор на Тесла, Илон Маск, како специјален советник во владата на Трамп, ќе заврши на 30-ти мај. Владата соопшти дека ќе продолжи активноста на ДОГЕ во насока на реструктурирање и намалување на државната администрација.
Трамп и ДОГЕ постигнаа намалување на државната администрација од околу 12 проценти, што претставува 260.000 лица, од вкупно 2,3 милиони лица што се дел од државната администрација, преку отпуштања, откуп на стаж и предвремено заминување во пензија.
















