Toyota останува највредна автомобилска марка според Interbrands

Марката Toyota има најголема вредност меѓу автомобилските марки - доколку некој реши да ја продава. Дури две места подолу е Merecdes, како највреден премиум бренд

Забавни кампањи, дами на раководни позиции и возило со погон на водород се неколку од факторите што пресудија Toyota да биде највредна автомобилска марка во извештајот на Interbdrand.

Во извештајот на Interbrands за 2014 година јапонската марка се најде на осмото место на највредни брендови во светот, што претставува скок од две места во споредба со ланскиот резултат. Во исто време, вредноста на марката Toyota порасна за 20 проценти, на 42,4 милијарди долари, како највисоко ниво во историјата на марката. Меѓу автомобилските марки, Toyota и натаму го држи првото место според вредноста на името под коешто настапува на светскиот пазар. Toyota во континуитет од 2004 година е највредна автомобилска марка.

На ранг листата на истата организација, Toyota е на второто место меѓу „50-те најдобри зелени марки во светот“, што е потврда за ангажманот на јапонската марка во развојот и истражувањето на еколошки возила и решенија.

Претходна објаваВардарци во ново урбано доживување со Nissan Qashqai
Следна објаваАко тоа е изненадување: Qashqai е најпродаван Nissan во септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here