Toyota Ви посакува добредојде во Хибридово

Британците имаат малку поизострена перцепција за реалноста од народите што се „отсечени“ на континентот, па го снимија ова видео во коешто сите автомобили се хибридни

Toyota сними кусо видео во коешто сите автомобили во градот имаат хибриден погон. Видеото за „Hybrid Town“ е само фикција, но можеби и не е толку далеку од реалноста.

Хибридово или „Hybrid Town“ нема да го најдете на ниту една навигација, но сообраќајот во овој град во сто проценти го сочинуваат хибридни автомобили. На видеото што е инсценирано во руралниот Хемпшир, во Англија, воздухот не е толку загаден, улиците не се толку бучни и возачите се многу посреќни. Toyota се инспирираше да го сними видеото за Хибридово откако продажната статистика на јапонската марка покажа дека луѓето во Хемпшир негуваат многу посилна љубов кон хибридните автомобили на Toyota отколку во другите англиски региони. Во првите три месеци од годинава, Хемпшир има најголема продажба на хибридни возила по глава на жител во целата земја.

http://www.youtube.com/watch?v=rw6T-Qy6yjE

Концептот на Хибридово можеби и не е толку далеку од реалноста, имајќи во предвид дека Toyota на глобално ниво вложува во истражувачки програми за хибридните и електричните автомобили да прераснат во интегрален дел од „поврзаната заедница“, каде што енергијата во батериите во автомобилите служи за напојување на апаратите во домаќинството или пак електричните автомобили се составен дел од јавниот транспорт, како во неодамна лансираната програма со i-Road во францускиот Гренобл.

hibridovo 2

Претходна објаваBMW го вработи главниот инженер на Ferrari
Следна објаваСерџо Маркијоне си заминува од Fiat-Chrysler по 2018 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here