Toyota Yaris во спортска верзија пристига на салонот во Женева

Уште неколку денови остануваат до стартот на Toyota во Монте Карло, кадешто Yaris WRC ќе го одбележи враќањето на јапонската марка во светското рели по речиси две децении. Овој чин Toyota го прославува со воведување нова спортска верзија во гамата на Yaris, којашто за конкуренција има мини-болиди со двестотини коњски сили. Во Женева ќе се појави комплетно освежена моделска гама на Yaris.

На неполна недела пред враќањето во светското рели по пауза од 17 години, Toyota ги објави фотографиите од спортската верзија на Yaris, којашто ќе ги претставува тркачките бои на јапонската марка по улиците, додека Yaris WRC ги одмерува силите со конкурентите на рели-патеките.

Точната ознака на спортскиот модел ќе се дознае при премиерата на салонот во Женева во март, кадешто Toyota ќе ја претстави комплетно обновената моделска гама на Yaris, во чест на пристигањето на спортската верзија. Неисвесност постои и околу моторот. Мала е веројатноста дека под хаубата ќе работи припитомена верзија на 1,6-литарскиот турбо од Yaris WRC, наспроти опцијата за 1,5-литарски мотор со турбонатполнење.

„Спортски автомобил со дозвола за возење по улица“

Но, кога е во прашање Toyota, сите можности доаѓаат предвид, па нема да биде преголемо изненадување и доколку се користи некоја лута верзија на хибриден погон. За новата генерација мотори развиена според платформата TNGA веројатно е прерано да проработи во спортската верзија на Yaris. Од марката само навестуваат дека станува збор за „спортски автомобил со дозвола за возење по улица“. Тоа треба да се сфати сериозно.

toyota yaris sport_naz

Конкуренцијата е подготвена за лутиот Yaris со Renault Clio RS Trophy со 220 КС, Peugeot 208 со 208 КС, Opel Corsa OPC со 207 КС, Ford Fiesta ST 200 со 200 КС, Volkswagen Polo GTI со 192 КС. Јапонскиот тркач мора да се движи околу 200 КС доколку сака да се докаже во оваа остра битка. Фактот што Toyota се враќа во својот најомилен спорт по пауза од 17 години, дава повод за очекување дека цивилната верзија на Yaris WRC нема да си дозволи да биде во сенка на конкуренцијата.

https://automedia.mk/objavi/26845

Заедно со уште неименуваната спортска верзија, во Женева на 9-ти март ќе се појави и  освежената гама на Yaris, со сменет изглед во предниот дел и опашот, со преработен ентериер и нови материјали. Toyota изврши и неколку подобрувања во насока на комфорот и возните својства, веројатно во стилот на моделското освежување на Auris.

Имиџот на Yaris моментно го гради хибридната изведба на моделот, за којашто се решаваат над 40 проценти од купувачите на европскиот пазар. Верзијата на Yaris инспирирана од релито може да го смени тоа.

Претходна објаваGoogle ќе им продава автопилоти на производителите на автомобили
Следна објаваMicra е првиот модел на Nissan произведен во фабрика на Renault

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here