Toyota Yaris WRC најавува возбудлива сезона во светското рели

Ново видео прикажува возбудливи сцени од завршните тестирања на Toyota Yaris WRC пред почетокот на новата сезона во светското рели во Монте Карло. Марката се враќа на рели-патеките по 17-годишна пауза, а шансите за подиумот се сосема извесни со Јари Мати Латвала зад воланот.

Веќе во следниот месец се вози првата трка од новата сезона во светското првенство во рели, во Монте Карло. Од сменетите правила се очекува да донесат многу поголема возбудливост во новата сезона, но истото се очекува и од враќањето на Toyota во светското рели, по 17 години отсуство на светскиот број еден. Како ќе изгледа новата сезона прикажува видеото од завршните тестирања на Toyota Yaris WRC, со Јари Мати Латвала, којшто ќе вози за јапонската марка заедно со Јухо Ханинен.

Под хаубата на Yaris WRC работи 1,6-литарец со турбонатполнење, моќност од 380 КС и максимален вртежен момент од 425 њутнметри. Јари Мати Латвала на видеото докажува уште еднаш дека снегот е неговиот природен терен – Финците со генерации наназад имаат постигнувано спектакуларни успеси на рели-патеките.

Претходна објаваMercedes со нови идеи на саемот за електроника во Лас Вегас
Следна објаваРекордна година за британското производство на автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here