за

Toyota е 54 пати во Топ 10, по модели предничи Octavia

Toyota е марката чијшто автомобили најчесто се појавуваат меѓу 10-те најпродавани модели во државите во ЕУ, втора е Volkswagen. По модели, Skoda Octavia е неприкосновена.

Toyota C-HR е следниот модел што добива изведба GR Sport

Моделите на Toyota се појавувале 54 пати меѓу 10-те најпродавани модели во европските држави во минатата година.

Големата предност на Toyota, во поглед на тоа колку нејзините модели се популарни во државите ширум Европа, се должи на фактот што дури пет модели ѝ се пласирале најмалку десетпати меѓу 10-те најпродавани модели во одделните земји.

Индустрискиот гласник Аутомотив Њуз Европа и агенцијата Датафорс направија обемна анализа на Топ 10 модели во 30 држави ширум Европа.

Јапонскиот производител на автомобили низ цела 2022 година имаше над 50 појавувања меѓу 10-те најпродавани модели. По првата половина од годината, Toyota броеше 52 пласмани во Топ 10 во триесет држави во Европа, додека по третиот квартал, бројот се зголеми на 57 појавувања на модели на Toyota во Топ 10 по држави.

Марката Volkswagen е втора со 37 појавувања на свои модели во Топ 10, за веднаш по неа да следи сестринската марка Skoda, со 31 пласман.

Kia и Dacia цела година водеа тесна борба, за на крајот на победи корејската марка, со 27 појавувања во Топ 10, наспроти 26 места меѓу десетте најпродавани за марката од романски Питешт.

Модели на Peugeot имаат 19 пласмани меѓу десетте најпродавани автомобили по земји, пред Hyundai со 17 пласмани.

Оваа посебна статистика станува уште поинтересна кога станува збор за трката меѓу одделните модели. Најмногу пласмани во Топ 10 по држави има Skoda Octavia, дури 14 пати, пред Dacia Duster (13) и Kia Sportage (12).

Два модели на Toyota се изедначени со 11 места во топ десет – Corolla и Yaris. Дури шест модели на Јапонците се појавуваат во Топ 10 по држави.

 
Toyota 54
VW 37
Skoda 31
Kia 27
Dacia 26
Peugeot 19
Hyundai 17
Renault 12
Ford 9
Volvo 9
Citroen 8
Opel/Vauxhall 8
Tesla 8

Десетте пласмани на Tesla не се сменети од преклани, со седум пласмани следи Opel/Vauxhall Corsa. Целосно електричниот VW ID.4 се нашол четирипати во Топ 10, исто колку VW Golf, додека Volvo XC40 и Peugeot 2008 имаат по пет појавувања во Топ 10.

 
Skoda Octavia 14
Dacia Duster 13
Kia Sportage 12
Toyota Corolla 11
Toyota Yaris 11
Dacia Sandero 10
Hyundai Tucson 10
Toyota Yaris Cross 10
Toyota RAV4 10
Toyota C-HR 10
VW T-Roc 10

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на Volvo им порачува на конкурентите дека се пребавни во електрификацијата

Kia Македонија напролет почнува со електрификација на понудата од модели