Новиот шеф планира Toyota да продаде 1,5 милион електрични автомобили во 2026

Новиот извршен директор на автомобилската корпорација Toyota, Коџи Сато, предупредува дека индустријата е во „ситуација на живот или смрт“, и планира турбо-забрзување на продажбата на електрични возила од компанијата, на 1,5 милион возила во 2026 година. За тоа да се постигне ќе послужи новоразвиената наменска платформа за електрични возила, како и локалното производство на целосно електричен кросовер со три реда седишта во Северна Америка.

Новата архитектура што е наменета за елеткрични возила ќе овозможи идните електрични модели на Toyota да располагаат со двојно зголемен досег. Тоа ќе се постигне преку поефикасно користење на батеријата. Се преполовуваат и потребните инвестиции, како и ангажманот што треба да се вложи во развојот.

Во следните три години, Toyota и Lexus ќе вклучат десет нови електрични модели во својата понуда, од коишто дел ќе ја користат новата платформа, додека останатите ќе се базираат врз унапредени верзии од тековната платформа e-TNGA.

Сато и неговите главни помошници, главниот инженер Хироаки Накаџима и главниот финансиер Јоиши Мијазаки, во петокот детално го претставија планот за електричните возила во Токио, како дел од новата визија на бизнисот за Toyota.

Тоа беше првата конференција за медиуми на Сато, по преземањето на кормилото на Toyota Motor Corp. на 1-ви април, кога Акио Тојода стана претседател, по повеќе од една деценија во раководење со семејната компанија. Сато претходно беше прв човек на луксузната марка Lexus.

Големата слика што ја има замислено, Сато ја нарече Toyota Mobility Concept. Неговата стратегија предвидува проширување на бизнисот на јапонскиот „тешкаш“, со цел да се изнајдат нови струи што ќе носат промет и да се постигне повисока маржа, додека индустријата се соочува со суштински промени. Со планот се предвидуваат електрификација, нови видови на мобилност и дигитализација, како и изнаоѓање нови можности во т.н. конектирана инфраструктура.

„Пораката број 1 е, ‘да ја смениме иднината на автомобилите, ‘ “ кажа Сато. „Мораме да продолжиме да ја зголемуваме вредноста на автомобилите. Тоа е начинот на којшто треба да напредуваме.“

Новиот шеф на Toyota, познат во компанијата како Капетан Сато, кажа дека нема да менува ништо во пристапот на Toyota со различни видови на електрификација, којшто се заснова врз хибриди и возила со погон на горивни ќелии, иако тој им дава предимство на електричните возила. Toyota кажа дека во моментов постигнува подобра маржа со хибридите, отколку со моделите што користат само бензински мотор.

Македонската премиера на bZ4X

Овој пристап со повеќе видови на погон е неопходен за да може да се покријат потребите на широкиот круг корисници на Toyota во светски рамки. „Од таа различност произлегува иновацијата,“ објаснува Сато.

Сато, кажа дека негов највисок приоритет е да ја забрза стратегијата за електричните возила на компанијата и притиска до 2026 година да се развие нова платформа за целосно електрични возила. Оваа платформа ќе овозможи глобалната продажба на електрични возила на Toyota да се искачи на 1,5 милион возила. Во минатата година, Toyota продаде само 25.000 целосно електрични возила.

Возење „булдожер“

Накаџима, шеф за развој на продукти, најави дека трошоците за производство ќе се смалат значително, со воведувањето на прочуениот систем за производство на Toyota во новата ера. Следи значително зголемување на степенот на автоматизација, при што главно се мисли на самостоен транспорт во фабриките, потоа технологии на конективност и автоматизирана проверка на квалитетот.

„Целосно ќе го смениме изледот на нашите фабрики за производство,“ кажа Накаџима, познат меѓу своте колеги по прекарот Булдожер, поради начинот на којшто тој пристапува во развојот на возилата. Тој кажа дека начинот на којшто ќе се произведува следната генерација електрични возила на Toyota ќе биде „сосем различен.“

Lexus RZ

Како дел од пресвртницата во производсвото, Toyota сака да постигне неутралност во поглед на емисијата на СО2 во сите свои фабрики во светот до 2035 година, додаде Накаџима. До посочениот рок, возилата што Toyota ќе ги произведе во своите фабрики на глобално ниво, ќе испуштаат половина СО2 од вредноста на емисијата во 2019 година.

Мијазаки, главниот финансиер на Toyota, кажа дека стратегијата со електричните возила ќе биде скроена според потребите на различните пазари на Toyota. На развиените пазари, како што се Северна Америка и Европа, Toyota ќе продолжи да ја проширува и унапредува својата серија електрични модели bZ, коишто се конструирани врз платформата e-TNGA. На пазарите во развој, како Југоисточна Азија, Toyota ќе се посвети на електрични пикапи и на мали автомобили.

Предвидено е производство на електричен кросовер во САД

Во Северна Америка, Toyota ќе започне со локално производство на нов целосно електричен кросовер со три реда седишта. Батериите за тој модел ќе пристигаат од новата фабрика во Северна Каролина.

Директорите не откриваат натамошни детали. Јапонскиот економски дневник Никеи сепак објави дека Toyota ќе ја приспособи постоечката фабрика во Кентаки и ќе почне со месечна продукција од 10.000 возила. Тоа би значело 100.000 електрични возила на годишно ниво.

„Ќе го покриеме широкиот дијапазон на побарувачка пирум светот со различни опции,“ објаснува Мијазаки.

Директорите на Toyota кажуваат дека стратегијата со електричните возила се одвива според планот. Снабдувањето со батерии било главната причина за тоа што порано не била објавена целта за 1,5 милион електрични возила за 2026 година.

„Може да се стекне впечаток дека се приклучуваме доцна, меѓутоа за нас тоа беше само прашање на вистинското време,“ изјави Мијазаки. „За производство на 1,5 милион возила, доколку нема батерии, не можеме да произведуваме. Поради тоа, најголемиот успорувач беа батерите.“

Кон завршетокот на минатата година, Toyota го трасираше патот, објавувајќи дека ќе го зголеми своето вложување во фабриката за батерии во Северна Каролина за речиси трпати, од 1,3 милијарда на 3,8 милијарди долари. Во фабриката ќе се произведуваат и погонски модули за електричните возила. Планот е производството да започне во 2025 година.

Во иднина, Toyota планира фабрики што целосно ќе бидат посветени на електрични возила, зависно од тоа како ќе се движи побарувачката, кажува Мијазаки.

Lexus ќе го предводи преоѓањето кон електричните возила

Сато кажа дека Lexus ќе ја преводи неговата пресвртница со електричните возила. Луксузнатa марка на Toyota уште претходно ги објави плановите да премине на целосно електирчна понуда од модели до 2035 година. Пет години пред тоа, продажбата на електрични возила во глобални рамки треба да достигне 1 милион примероци.

Toyota, во целина, планира во 2030 година да продаде 3,5 милиони целосно електрични возила на глобалниот пазар

За тоа да се постигне, потребно е стрмно искачување. Во 2022 година, Toyota продаде само 24.466 целосно електрични возила ширум светот. За споредба, продажбата на модели со хибриден погон достигна 2,6 милиони возила.

Toyota го забрзува темпото во 2023 година, со проширување на пазарот за кросоверот bZ4X и за неговиот технички близнак под логото на Lexus, премиум моделот RZ.

Во првите два месеци од годинава, светската продажба на електрични возила на Toyota се зголеми трикратно, на 9.016 возила. Само во САД се продадени 1.880 возила до март.

Но, иако Toyota напредува забрзано со електричните возила, конкуренцијата не мирува. Во 2026 година, кога Toyota ќе достигне продажба од 1,5 милион електрични возила, кинескиот ривал BYD ќе продава 3 милиони возила, додека Tesla дотогаш би достигнала 5 милиони возила.

Претходна објаваНастанот на годината: Премиера на Mercedes E-Class на 25-ти април
Следна објаваФормата на Porsche 356 се создаваше од дрво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here