за

Toyota Prius доби награда за животно достигнување од Top Gear

Британскиот Top Gear ја одликуваше Toyota Prius за неговата пионерска улога во поплочувањето на патот што доведе до денешните електрични возила.

Во Наградите за електрични возила за 2023 година, британскиот Top Gear ѝ оддаде признание на Toyota Prius, доделувајќи ѝ награда за животно достигнување.

Познатиот британски магазин Top Gear, при објавувањето на победата, не пропушти да додаде дека прочуениот квалитет на Toyota обезбедил темели за Prius да прерасне во вечно наследство: „Додека се множат годините и километрите, Prius одбива да си замине. Трајноста и издржливоста се легендарни, дури и покрај комплексноста на возилото и присуството на батерија.“

Продажбата во Јапонија започна во 1997 година, за три години подоцна моделот да биде понуден и на европскиот пазар. Првиот Prius го донесе на свет концептот на хибридната погонска технологија и на чистиот, штедлив и лесен за користење алтернативен погон.

Toyota Prius ја почна кариерата во еден мошне мал сегмент од пазарот. Со текот на времето и конкуренцијата почна да го применува принципот на хибриден погон, со цел да се смали емисијата на СО2 и светот да почне да размислува за електричните возила.

По дваесет години од лансирањето на Prius, Toyota веќе го броеше 10-милионитото продадено возило со хибриден погон. Такеши Учијамада, поранешен претседател на одборот на корпорацијата Toyota Motor, познат како „таткото на Prius,“ објаснува: „Кога го лансиравме Prius, никој не знаеше што е хибрид. Тие што го возеа, ги нарекуваа штебери и уште со бројни други имиња. Благодарение на тие луѓе што рано го прифатија погонот и му дадоа шанса на Prius, популарноста на хибридите се зголемуваше постојано и тие постигнаа успех каков што никој не очекуваше.“

Prius продолжува да биде инспирација, за Toyota постојано да го усовршува хибридниот погон и да го воведува во сé повеќе модели во својата понуда. Yaris и Yaris Cross, Corolla, C-HR, RAV4, Camry, Highlander, сите тие располагаат со хибриден погон.

Во меѓувреме, хибридниот погон ја достигна петтата генерација, којашто доживеа премиера во Corolla Cross. Штедливоста останува, тоа што хибриднот погон дополнително го нуди во неговата најсовршена варијанта досега е динамичното возење.

Хибридот беше само појдовна точка за Toyota. Корпорацијата продолжи да го усовршува и надградува погонот, така што гамата на Toyota денес нуди и модели со приклучен хибриден погон, со чисто електричен погон, па дури и со водороден погон.

Само од Prius се продадени повеќе од 5,7 милиони примероци. Сите модели од марките на групацијата заедно, во сите електрифицирани и електрични изведби, бројат повеќе од 22 милиони придажби досега. Toyota пресметува дека со овој масивен возен парк, Земјата е поштедена од 160 милиони тони СО2.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia во новата фабрика ќе произведува наменски возила за компании и робот-такси

Хрватска има регистрирано повеќе од 5.000 електрични возила