Toyota Prius+ стартува со полни батерии во новото моделско годиште

Хибридниот ван со седум седишта во новото моделско годиште доаѓа со свеж дизајн, збогатена опрема и поголем комфор. Има и неколку иновации што прават работата на возачот да биде уживање.

Изгледот на новиот Prius+ ги следи актуелните дизајнерски принципи на Toyota и со тоа ја нагласува припадноста во семејството на хибридните модели. Амблемот е поставен во новата горна маска, а покрај неа се светла со диодна техника. Со само еден проектор се овозможува и соборено и долго светло. Долната маска е поголема и заедно со новите браници ја нагласува ширината на новиот Prius+.
Назад е нова графиката на светлата, за моделот да биде повеќе препознатлив во уличната слика. Промени има и во местото на регистерската табличка, како и во дифузорот што е вграден во браникот. За комплетно освежување се грижат и двете нови бои за каросеријата, бронзено-кафена и црна, обете во металик изведба.

Во внатрешноста има нови материјали. Полето за ракување со климата е на црна металик основа, рачките на вратите и двата отвора за воздух во средишната конзола се изведени во хромиран финиш, внесувајќи повпечатливо чувство за квалитет. Потпирачот за рака напред во сите нивоа на опрема е обложен со Toyota E-Tex, квалитетна вештачка кожа, што тежи 30 проценти помалку и се чисти полесно.

Преработената табла со инструменти нуди подобра прегледност. На мултифункцискиот дисплеј од 11 сантиметри се прикажуваат патните информации, исто како и актуелниот модус на хибридниот погон и наполнетоста на батериите. На дисплејот се прикажуваат и местењата на клима уредот, радиото и на адаптивниот радарски темпомат. Поголем комфор се добива со новата генерација на мултиместискиот систем Toyota Touch2 со дисплеј од 16 сантиметри, со когошто се ракува исто како со таблет. Со овој систем следува и камера за рикверц, како и мултимедиска функција за поврзување со паметен телефон. Третото ниво на мултимедиски системи го нуди Toyota Touch2&Go со навигација и пристап на интернет, за користење на онлајн услуги како Google Street View, Panoramio или Google Local Search. Од средното ниво на опрема може да се доплати и за систем за самостојно паркирање.

За поголема безбедност се грижи систем за сигнализирање при итно сопирање, којшто при силно забавување ги вклучува безбедносните трепкачи и ги предупредува возилата назад, исто како и системот Pre-Crash, којшто препознава пречки пред возилото, предупредува за опасноста и на крајот самостојно ги активира сопирачките.
Под хаубата работи познатата комбинација од бензински и електромотор, но сега унапредена во норма Euro 6. Промените во амортизацијата, заедно со подобрената изолација придонесуваат за повисок комфор во возењето. Стартот на продажбата на новиот Prius+ е во февруари.

Претходна објаваНов скутер од Honda: Forza 125
Следна објава10 факти за новиот Volkswagen Passat

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here