LG ќе испорачува батерии за идните електрични модели на Toyota

Дваесет гигаватчасови батерии на годишно ниво предвидува договорот со LG за снабдување со батериски модули за идните електрични автомобили на Toyota. Новата генерација батерии ќе се вградува прво во новиот електричен модел што од 2025 година ќе почне да излегува од фабриката на Toyota во американската сојузна држава Кентаки.

Toyota притиска силно на електромобилноста во светски размери. Компанијата најави дека во САД ќе почне со производство на нов електричен модел со литиум-јон батерии од LG Energy Solution. Двете компании се спогодија за испорака на батериски модули со капацитет од 20 гигаватчасови годишно, почнувајќи од 2025 година.

Модули што се состојат од NCMA-ќелии (никел, кобалт, манган, алуминиум) со висок удел на никел, ќе се изработуваат во фабриката на LG Energy Solution во Мичиген. Специјалистот за батерии за оваа цел вложува 2,85 милијарди евра во својот производствен погон. Батериските ќелии и модули од овој погон ќе ѝ се испорачуваат ексклузивно на Toyota.

Изработените модули во првата фаза ќе се испорачуваат до фабриката на Toyota во Кентаки, каде што од нив ќе се составуваат батериски пакети и истите ќе се вградуваат во електричните автомобили.

Станува збор за досега најголемиот единечен договор за испорака од LG Energy Solution, надвор од заедничката компанија на производителот на батерии со Toyota.

Како изгледа градското секојдневие со електричен автомобил, на тестот на Toyota bZ4X

Планот на Toyota е до 2030 година да се изгради понуда што ќе опфаќа 30 модели на електрични автомобили, вклуќувајќи ја и луксузната марка Lexus. Продажбата ќе достигне 3,5 милиони електрични автомобили годишно. Како дел од планот, Toyota Motor Manufacturing Kentucky наскоро ќе почне со производство на електричен модел.

 

Претходна објаваKia EV6 лобира за Бусан да биде домаќин на Експо 2030
Следна објаваPeugeot на пат да ја заврши годината како најпродавана марка во Португалија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here