за

Kia EV6 лобира за Бусан да биде домаќин на Експо 2030

Електрични модели на Kia деновиве се појавуваат на клучни места во Париз, од Ајфел до Лувр, лобирајќи за корејскиот град Бусан да биде домаќин на Светското Експо во важната временска пресвртница.

Десет посебно дизајнирани автомобили на Kia, исцртани од корејски графити-мајстори, ќе бидат прикажани во Париз, за време на Бусан Експо Симпозиум, што е своевидна кампања за корејскиот град Бусан да стане домаќин на светскиот Експо на почетокот на следната деценија. Во Париз се наоѓа седиштето на бирото што е надлежно за одржување на Ворлд Експо.

Kia влегува во завршницата на кампањата, за јужнокорејскиот град Бусан да се промовира за домаќин за Светското Експо на важниот преод во следната деценија. Овој дел од кампањата се одржува во Париз, каде што се наоѓа Бирото за светски саеми.

Производителот на автомобили зема мошне активно учество за богатата и технолошки напредна азиска земја да се избори за Експо 2030. Во Париз во периодот од 9-ти до 15-ти октомври, за таа цел се одржуваат Бусан Експо Симпозиум и концерт на К-Поп, корејска поп музика.

Корејската делегација за време на кампањата во Париз ќе користи десет посебно насликани возила, вклучувајќи ја секако и електричната Kia EV6. Организаторите на кампањата сакаат на тој начин да укажат на обврската што си ја презема градот Бусан, за Експо 2030 да се одржи целосно неутрално во поглед на СО2.

Посебноста на десетте автомобили се фолиите што се нацртани со стил на шарени графити со мотиви од Бусан, во коишто се препознаваат галеби, океански бранови и прочуениот Ганган Бриџ.

На возилата стои „Busan is Ready“, Бусан е подготвен. За графиката одлучуваше водечкиот графити-мајстор од Кореја, Џеј Флоу

Претходните чекори во кампањата беа изложување на фолираните возила за време на 172-та Генерална конференција на бирото за светското експо, што се одржа лани во јуни, како и на Давос Форум во јануари. Автомобилите на Kia се појавуваа и во Њујорк, Њу Делхи и Џакарта.

Kia сними преку 80 видеа и графички прикази во знак на кампањата, коишто во првите три месеци од пуштањето во етерот привлекоа повеќе од 100 милиони прегледи ширум светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тркачки Mercedes-Benz со мотор со 1.500 КС во средина, тежок пет тони

LG ќе испорачува батерии за идните електрични модели на Toyota