Тркачки Mercedes-Benz со мотор со 1.500 КС во средина, тежок пет тони

Спринтот на тркачкиот влекач Mercedes-Benz Atego до темпо сто трае само четири секунди. За маса од пет тони, тоа е импресивно.

Во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт redovno има нова тематска поставка и нови возила, коишто потсетуваат на големите моменти од долгото минато на компанијата. Деновиве, тематската поставка што се води под името „Close-up“ прикажува едно мошне невообичаено тркачко возило. Тоа е тркачкиот камион Mercedes-Benz Atego од 2001 година.

Во периодот од средината на 1980-те години, до 2001 година, насловот на европски првак во евроспкото првенство со тркачки камиони, тринаесет пати го понесуваа возачи со камиони од Mercedes-Benz. Во таа чест, во т.н. штајлкурве (остар свијок) во музејот, меѓу ниските болиди со широка трага на тркалата, деновиве штрчи еден жар црвен камион.

Тоа е камионот со којшто Лудовик Форе возеше во првенството во 2001 година. Со ист таков примерок од Atego, Французот на 4-ти октомври 1998 година го освои европското првенство во најсилната категорија на супер-рејс-класа. Тоа се случи пред точно 25 години.

Лудовик ја освои титулата возејќи за тимот на Тајгер Рејсинг Денхард. На двете трки во Харама Шпанија, на камион-пилотот му беа доволни едно трето и едно второ место, за да го освои првенството.

Mercedes-Benz тогаш го освои првенството за конструктори со огромна предност. Во пониската рејс-класа, исто така победи возач на Mercedes-Benz, со модел 1838 S, освојувајќи ја втор пат титулата на европски шампион во класата. За љубителите на трки со камиони, тоа беше викенд за паметење.

Посебната привлечност на тркачката серија беа блиските средби на „гигантите од споредните патишта“. Тешки по пет тони, овие камиони спринтуваа подобро и од најсилните суперспортски модели во тоа време. Исто така беше импресивна и стабилноста на камионите во свијоците. Како круна беше моќниот звук од моторите со огромна работна зафатнина, придружен со пиштење на турбината.

Крајната брзина што Atego можеше да ја постигне на тркачките патеки изнесува 160 километри на час и тоа е двојно повеќе од брзината што влекачите од таа категорија смеат да ја постигнат во реален сообраќај.

Камоните се расни тркачки машини, конструирани со ист пристап како тркачките автомобили. Сé е сменето, од подвозјето, погонот, кокпитот. Гумите 315/70 R 22.5 не се од „регал“ туку се од специјална изработка за трки. Atego е третиот модел на камион што Mercedes-Benz го подготви за трки. Неговиот прв ангажман беше во сезоната во 1998 година.

Во кабината се вградени заштитен кафез, школкесто седиште, широки ремени, неколку дисплеи и две дузини прекинувачи. Се седи „ниско“, седиштето е наместено пред предната оска, степените на пренос се менуваат директно на воланот.

Моторот е OM 501 LAR, подготвен за трки од 1996 година. Дизелот V6 користи два турбополначи и интеркулери. Работната зафатнина е 12 литри, моќноста достига 1.100 kW (1.496 КС) во подрачјето меѓу 2.000 и 2.200/min. Вртежниот момент е „незамислив“, дури 5.000 њутнметри. Овој ѕвер е посебно изложен во музејот, покрај камионот.

Камионите се подобри олдтајмери

Претходна објаваНикој не ја сака фабриката за Ford Focus во Германија
Следна објаваKia EV6 лобира за Бусан да биде домаќин на Експо 2030

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here