Фондацијата за мобилност на Toyota ги оспособува градовите за иднината. Заедно со Challenge Works и со World Resources Institute, јапонскиот производител започна светски конкурс, со цел да им се помогне на градовите да се приспособат за иднината. Целта е највисока, да се подобри животот на милиони жители на планетата.
Конкурсот почнува од идејата дека во време кога градовите растат и се менуваат постојано, поважно од кога било досега е транспортот на лица и предмети да биде гарантиран, ефикасен и инклузивен, за сите.
Многу нешта може да се направат подобро благодарение на напредокот што е постигнат, во поглед на носителите во сообраќајот (значи возилата), дизајнот на инфраструктурата (улици, паркиралишта), организирањето, изборот на енергија и вмрежувањето на податоците.
Таканаречениот „Sustainable Cities Challenge“ треба да го подобри животот на луѓето, со тоа што ќе им се овозможи лесно доаѓање до работните места, до училиштата и факултетите, како и до важните услужни дејности. Тоа треба да се постигне, меѓу другото, преку намалување на емисијата на СО2, подобрување на достапноста и користење на податоците. Генерално, превозот треба да се направи поотпорен, поиздржлив.
Рајан Клем, програмски директор во Toyota Mobility Foundation, објаснува дека во изминатите десет години, во рамките на Sustainable Cities Challenge „соработуваме со градовите, со цел да пронајдеме иновативни решенија во подрачјата, коишто се ценат како решавачки, за да можеме да развиеме скалест модел за иднината“.
Во првата фаза од конкурсот, може да се пријават градските управи, одделенијата за сообраќај и други локални и регионални органи. Тие треба да конкурираат на една од трите теми:
- широка достапност до безбедни, евтини и инклузивни сообраќајни средства
- обезбедување вмрежени и итпорни екосистеми за мобилност што се базираат врз податоци
- смалување на влијанијата врз животната средина, преку енергетски решенија што имаат ниска емисија на СО2 и доаѓаат од обновливи извори
Претставниците на градовите, што ќе бидат примени во потесен избор, ќе бидат поканети во САД и ќе добијат помош при спроведувањето на своите концепти.
Во февруари 2024 ќе бидат избрани три победнички градови, што во рамките на „City Challenge“ ќе бараат иновативни концепти за своите општини.
Учесниците не мора да бидат жители на градот или земјата за којашто развиваат свој концепт, туку можат да конкурираат за кој било град по нивен избор – под услов, нивните предлози да се применливи за конкретниот град.
Победничките концепти за секој град ќе се објават кон завршетокот на 2024 година. Обезбеден е паричен фонд за поддршка во висина од 9 милиони американски долари, наменет за тестирање на решенијата и нивно воведување.
Повеќе од половина од светското население веќе живее во градови, а до 2050 година, овој удел според Обединетите Нации ќе се зголеми на две третини. Градовите во исто време се одговорни за 70 проценти од светската емисија на стакленички гасови.
Во поблиското минато, TMF има учествувано во бројни „Challenges“, меѓу кои глобалниот „Mobility Unlimited Challenge“, CATCH во Малезија, InoveMob Challenge во Бразил и STAMP-Challenge во Индија.
Вебсајтот на фондацијата е достапен под toyotamobilityfoundation.org.
















