Defender службено возило на фестивалот Гластонбери

Возен парк од дваесет возила Defender 110 во верзија со приклучен хибриден погон ќе биде задолжен за превоз на музичарите до прочуената сцена Пирамида, за време нa фестивалот Гластонбери.

Посебноста во користењето токму на изведбата на Defender со приклучен хибриден погон е во тоа што батеријата ќе се полни со енергијата од соларните панели во Гластонбери.

Фестивалот се одржува од 21-ви до 25-ти јуни, во Ворти Фарм во Сомерсет. Изборот на Defender за службено возило се базира меѓу другото и на неговите ненадминати теренски способности, што е мошне важно во средината во којашто се одржува Гластонбери.

Фамилијата Ивис, во чијашто сопственост е фармата и коишто го организираат фестивалот во изминатите повеќе од 50 години, има долга поврзаност со Defender.

Пневматската суспензија на Defender може да ја подигне каросеријата на висина за возење по терен, по што е едноставно да се минат пречките на теренот. Во високиот режим на работа на подвозјето, растојанието од подлогата се зголемува за 75 mm, а на тоа следат уште 75 милиметри, кога ќе се префрли во теренски режим.

Defender P400e со приклучен хибриден погон располага со досег од 40 километри возење со чисто електричен погон, по што следи префрлување во хибриден режим.

Со капацитет од 250 kWp, соларната централа во Гластонбери е најголема од тој вид во Обединтетото Кралство. Од 2010 година наваму, панелите ја поиштедуват животната средина од 123 тони СО2 годишно.

Со користење брз полнач со моќност од 50 kW, батеријата се полни до 80% за околу половин час. Во домашни услови, на полнач со 7 kW, полнењето трае 2,5 часа.

Погонската спрега на Defener P400e се состои од електромотор со моќност од 104 КС и бензинец со 300 КС.

Фестивалот е целосно распродаден и на него учествуваат стотици изведувачи, вклучувајќи ги Елтон Џон, Ганс енд Роузес,Арктик Манкис и Лизо, на повеќе од 100 сцени. Фестивалот се одржува до 25-ти јуни.

Претходна објаваToyota ги предизвикува градовите да се натпреваруваат во одржливост
Следна објаваGLC Coupé: Најпродаваниот СУВ на Mercedes, варијанта втора

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here