за

Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“

Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“
Toyota Hilux е најдобар пикап за работа според „Firmenauto“

Toyota Hilux е легенда на автомобилската сцена и новите титули и награди не менуваат ништо во тоа. Но, титулите не престануваат да пристигаат. Hilux победи во категоријата на пикапи во изборот на најдобри службени автомобили на специјализираниот магазин „Firmenauto“ во Германија.

Одликувањето е неоспорно, бидејќи пристига од 165-члено жири од менаџери што се одговорни за возни паркови, од советници за големи возни паркови, како и од независни претставници од услужни дејности и асоцијации, а секако и новинари од неколку европски магазини што се специјализирани за ова подрачје.

Жирито избираше во 13 категории на возила, во конкуренција од десетте најпродавани службени автомобили, на ниво на домашни и увозни марки. Изборот дополнително вклучуваше по три класи за плагин-хибриди и електромобили, како и специјална категорија за најдобар новитет на годината.

Во категоријата на пикапи триумфираше Toyota Hilux. Без разлика дали се работи за асфалт или терен, тој без мака ја исполнува секоја задача, особено во делот на службените возила, каде што не смее да има пропусти во изборот на возилото. Со носивост од преку еден тон и товарна површина долга до 2,32 метри, пикапот одговара за многубројни примени. Секако дека на помош пристига и погонот на сите тркала, во посебните верзии што се достапни со истиот.

Иако во сегментот на службените возила повеќе се ценат други вредности, корисниците на Hilux ќе уживаат во комоција како во лимузина. Toyota во својот пикап вградува и автоматска клима, и диодни светла, кожени седишта, па и инфо-забавен систем со дисплеј од 7 инчи и камера за рикверц. Системите за асистенција не се туѓи ниту во пикапот, во вид на систем за следење лента, самостојно запирање при опасност од судир или камера за знаци.

Кога во Toyota работи дизел, тогаш е Hilux: Новини кај пикапот

toyota hilux 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes за половина година продал над милион патнички возила

Mercedes за половина година продал над милион патнички возила

Mercedes S-Class kabina 00001

Во оваа капсула е кабината на новиот Mercedes S-Class