Изборот во гамата на новата Тојота Ц-ХР се состои од варијанта со 1,8-литарски мотор и електормотор, со системски 140 КС, следи варијанта со дволитарски мотор и електромотор со системски 197 КС, со погон напред или на сите тркала, додека гамата ја заокружува изведба со приклучен хибрид и 223 КС.
Најслабата изведба на Тојота Ц-ХР може да се добие во трите нивоа на опрема, Култ, Клуб и Класи. Во првото ниво, Култ, со цена од 33.990 евра, опременоста вклучува тркала од лесен метал, магленки, греење на ретровизори, средишен дисплеј од 8 инчи, бесплатно обновување на навигациските мапи за период од 4 години, радио, компјутер и автоматски двозонски клима уред.
Второто ниво Клуб со цена повисока за 3.000 евра додава уште греење на волан и на преднитe седишта, амбиентално осветлување, за еден инч поголеми тркала, автоматско отклучување, затемнети задни стакла и сензор за дожд.
За средното ниво Класи треба да се смета на најмалку 40.590 евра, но затоа се добиваат нано-јонизатор и навлажнувач на воздух, облоги на седиштата од вештачка кожа и амбиентално осветлување во многу бои, како и безжичен полчнач за мобилен.
Новина во гамата е изведбата со хибриден погон со батерија што може да се полни надворешно. Со полна батерија, најспособната и најскапа погонска варијанта во гамата може да мине чисто на струја 61,8 километри. Во таа варијанта воедно се скусува и багажникот на 310 литри, наспроти 388 литри кај најслабиот модел.
Доколку се користи обичен домашен полнач од 11 кВ, за батеријата да се наполни треба да се чека 210 минути, односно 3 часови и 30 минути. Подобро е со полнач од 22 кВ, кога чекањето се скусува на 150 минути, односно 2 часови и 30 минути.
Во гамата има и изведба ГР Спорт, а може да се нарача и изведба со две бои на каросеријата.
Конкуренти се Ситроен Ц4 Икс, Хонда ХР-В, Џип Компас, Киа Ексид, Пежо 408, Рено Гранд Конквест, Сузуки С-Крос и Фолксваген Т-Рок. Од премиум сегментот, најблиску е Алфа Ромео Тонале, со благ хибриден погон.
















