за

Германија: Зошто крадците ги избегнуваат електричните автомобили

Германски Билд објави дека расте бројот на кражби на автомобили. Бидејќи тие обично завршуваат во Источна Европа, има еден проблем со електричните автомобили.

Во Германија во изминатите години повторно расте бројот на кражби на автомобили. Организирани банди го донесуваат најголемиот дел од украдените возила во Источна Европа. Крадците редовно ги избегнуваат електричните автомобили.

Во Германија во 2022 година биле украдени 15.000 автомобили. Најмногу се краде во Берлин, најмалку во Саксонија. За вториов случај, најмногу заслуга има специјалната единица шти ги гони крадците на автомобили. Тоа го објави најтиражниот дневник во земјата, Билд.

Од полицијата на Саксонија, коментираа за Билд: „Специјалци од повеќе постави работат заеднички, за да го зголемат притисокот врз криминалците, односно криминалните групи. Високи затворски казни за членовите на странските банди, кои се приведуваат во странство и се испорачуваат во Саксонија, доведоа до значително намалување на бројот на случаи од 2015 година наваму.“ Саксонците соработуваат со колегите во други држави, главно Полска.

Зошто крадците ги избегнуваат електричните автомобили

Автомобилите обично ги крадат организирани банди и ги довезуваат во Источна Европа. Според Билд, бандите влегуваат во Германија дење, во група од тројца. Приквечер почнува потрагата по потенцијален плен. Возилата се обиваат ноќе, меѓу 1 и 4 часот. Со украдените автомобили обично се бега преку автопатите што водат кон Полска. На крадците сепак им се проблем електричните автомобили. Тие буквално ги избегнуваат. Се крадат само бензинци и дизели.

Електричните автомобили не се потешки за кражба од возилата со обичен погон. Причината е слабата мрежа од полначи во Источна Европа. Таму не се бараат украдени Тесли, Порше Тајкани или Ауди е-трони. Главниот проблем: „Крадците се плашат за досегот. Ако автомобилот се украде, на пример, во Хесен или во Долна Саксонија, можно е уште пред границата со Полска да снема батерија“, објаснува Билд.

„Крадците немаат време да чекаат батеријата да се наполни“, знае Хенинг Хаусвалд, шеф на специјалната единица Соко КаЕфЦе.

Во време на корона, бројот на кражби опаднал, но во последниве години тие повторно растат. Има зголемување од 15 проценти и во бројот на кражби на делови од автомобили. За минатата година уште не се објавени статистиките.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Алфа Ромео изработе специјална серија Трибуто Италиано за своето моделско трио

Тојота Ц-ХР почнува од 33.990 евра