Алфа Ромео изработе специјална серија Трибуто Италиано за своето моделско трио

Трибуто Италиано е името на новата посебна серија на Алфа Ромео, којашто е достапна за трите модели во гамата на миланската марка, во боите на италијанското знаме. Моделите имаат ексклузивна опрема и посебности во изгледот.

Милано и Ломбардија, прочуениот предел на север од италијанската метропола, имаат важна улога во историјата на Алфа Ромео. Во 1910 година, во Милано е основана Алфа Ромео. На тркачката патека Монца, што е веднаш покрај Милано, Алфа Ромео има славено бројни победи. Моделите на марката секогаш пленеле и на Конкорсо д’Елеганца, собирот на ретки и вредни олдтајмери во Вила д’Есте, на брегот на езерото Комо.

Миланската марка ангажираше фотографи да направат вредна фотосесија со трите модели Џулија, Стелвио и Тонале, од специјалната серија Трибуто Италијано, лакирани во боите на италијанското знаме: Зелена, бела и црвена, односно Росо Алфа, Верде Монтреал и Бјанко Банкизе.

Заедничко за сите три модели од специјалната серија е црниот покрив. На капите на ретровизорите се вметнати плочки во боите на триколоре. Маската кај Џулија и Стелвио е во сјајна црна боја, односно во антрацит кај Тонале. Додатоците во предниот и задниот браник се лакирани во бојата на каросеријата, исто како и арките на крилата и праговите. Стандард се и темно лакирани тркала од 21 инч за Стелвио, 20 инчи за Тонале и 19 инчи за Џулија.

Во внатрешноста на Трибуто Италиано е ставен нагласок на спортскот стил. Спортските седишта се обложени со црна кожа, перфорирани се и имаат црвена подлога (кај Тонале). Нормално, во потпирачите за глава е втиснато логото Трибуто Италиано.

Останатите обележја се црвени штепови на седиштата, на вратите и на таблата. Рачките зад воланот се од алуминиум. Тонале во специјалната серија се одликува и со табла обложена во стил на карбон, со лого на Алфа Ромео и со алуминиумски додатоци во браниците.

Специјалната серија го претставува врвот на гамата на Алфа Ромео, односно овие модели се позиционирани над нивото Велоче. Тонале стои на располагање во изведба со благ хибрид со 160 КС и приклучен хибрид со 208 КС. Кај Џулија и Стелвио, серијaта се нуди со дизелот со 210 КС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Од опремата, стандард се двозонска автоматска клима, греење на волан, амбиентално осветлување, аудио систем Харман Кардон со 14 звучници и засилувач од 900 вати, проветрувани и загревани предни седишта. СУВ-моделите располагаат и со електрично отворање на задниот поклопец, што се активира со замавнување со нога под браникот.

Не недостигаат ставки и во техниката: Брембо сопирачки со црвено лакирани клешти и активно подвозје, камери со висока резолуција што создаваат слика во 360 степени, цел арсенал од системи за асистенција.

Претходна објаваПорше Тајкан доби копче за престигнување Тесли
Следна објаваГерманија: Зошто крадците ги избегнуваат електричните автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here