Големо изненадувања од Toyota за отворањето на салонот во Шангај. C-HR е првото „батериско“ возило на марката кое ќе стартува со продажба на кинескиот пазар под марката Toyota.
Со премиерата на електричната изведба на C-HR на салонот во Шангај, Toyota започнува со остварување на планот да претстави на светскиот пазар десет автомобили со погон на батерија до 2025 година. Целта е до крајот на следната декада да се постигне глобална продажба од 5,5 милиони возила со електрифицирана погонска спрега.
До крајот на февруари годинава, Toyota продаде близу 13 милиони хибридни возила и воопшто возила со електрифицирана погонска спрега, откако првата генерација на Prius стартуваше во 1997 година. Сиот овој возен парк досега ја поштедил земјината топка од 103 милиони тони СО2.
https://photos.app.goo.gl/pTn1dRrGJTM3acUm7
Лани во ноември, Јапонците излегоа со нов концепт за мобилност, кој обединува електричен погон, интелигенција и „информатизација“, сето тоа претставено преку e-Palette. Намерата е овој концепт да стане дел од Олимпијадата во Токио во 2020 година, а потоа да ги примени стекнатите искуства за да понуди следна еволуција на концептот за Зимската Олимпијада во Пекинг во 2022 година.
Поимот „прво електрично возило“ е релативен кај Toyota – Mirai исто така е електричен автомобил, но место батерии, има резервоари со водород
Toyota пред две години стартуваше со демо-возења со Mirai во Кина. Моментно се разгледува можноста за локално производство на FC Coaster, кој е уште еден модел на Toyota со погон на водород – и кој исто така спаѓа под возила со електричен погон.
Заедно со електричната изведба на Toyota C-HR, во Шангај беше прикажана и локално произведуваната изведба од партнерот FAW. Техничките детали засега не се познати. Продажбата ќе започне во 2020 година, прво на кинескиот пазар.
https://youtu.be/fcIHTxzNTtk
















