Првата задача на Аналиса како амбасадорка за новата генерација на Тојота Ц-ХР ќе биде на вечерашниот концерт во Милано, на посебниот настан „Ил Форум“ со којшто се најавува светската тура „Тути нел Вортиче“. Картите за концертот се распродадоа уште пред неколку месеци.
Кантавторката има зад себе 30 платинести и 12 златни албуми, неколку интернационални соработки и бројни награди. Аналиса стекна огромна популарност на италијанската музичка сцена, благодарение на својот силен карактер и храбрите избори што ги има направено во својата кариера.
Тојота се повикува токму на овие карактерни особини на италијанската ѕвезда, за да се поврзе со новата генерација на Ц-ХР. Кросоверот во својата прва генерација означи пресвртница во својот сегмент, којашто одекна уште посилно, затоа што дојде од марка од којашто дотогаш малкумина очекуваа да настапи со толку храбар дизајн.
Пораката во кампањата за новата Тојота Ц-ХР со Аналиса гласи „Оњи шелта конта“, односно секој избор се брои. Авторите на кампањата објаснуваат дека зад секој избор стои приказна и ја прикажува идејата дека секоја одлука што ја правиме го создава животот што го живееме.

Тојота додава дека „храбриот дизајн на новата Ц-ХР совршено се совпаѓа со овој концепт, затоа што секоја линија е дизајнирана да се двои на улица, исто како што нашите избори прават да се издвоиме од масата.“
Тојота РАВ4 во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК
















