за

Toyota ја заврши 2022 година со рекорден удел на европскиот пазар

Уделот на Toyota во вкупната продажба на возила во Европа лани се искачи на рекордни 7,3 проценти, за близу еден процентен бод повеќе од преклани.

Наслов на втора најпродавана марка патнички автомобили во Европа две години во низа и зголемување на продажбата во време кога вкупниот автомобилски пазар во регионот е 11 проценти во минус. Во Toyota навистина имаат причина да слават за 2022 година.

Европскиот огранок на Toyota, со седиште во Брисел, објави дека лани ја зголемил продажбата на 1.080.975 автомобили од марките Toyota и Lexus. Зголемувањето се случува во време кога целиот европски пазар на автомобили е за 11% под резултатот од преклани.

Тоа ѝ донесе и раст на пазарниот удел, па Toyota сега покрива 7,3 проценти од европскиот пазар, за 0,9 процентен бод повеќе во споредба со 2021 година.
Toyota го задржа и местото на 2-ра најпродавана марка патнички автомобили во Европа.

Како што сооппштуваат од Брисел, успехот се должи на големата побарувачка за хибридни и електрични модели. Вкупната продажба на модели со хибриден, приклучен хибриден, батериски електричен и водороден електричен погон, зголемена е за 14% во споредба со преклани, со 718.608 продадени возила. Точно две третини, или 66 проценти од продажбата на Toyota во Западна Европа, отпаѓа на модели со електромотор во погонот.

Мет Харисон, претседател и извршен директор на Toyota во Европа, очекува „натамошно зголемување на продажбата и на пазадниот удел, како што ќе продолжуваме со проширување на нашата повеќетехнолошка електрифицирана понуда од модели.“

Шефот очекува солидни бројки од првата полна година во продажба на електричниот кросовер bZ4X и на Corolla Cross. На луксузната марка Lexus, годинава ѝ претстои почеток на продажбата на сосем новата генерација на Lexus RX, како и на комплетно новиот електричен модел Lexus RZ.

Марката Toyota лани продаде 1.030.508 возила, за +3 повеќе од преклани. Најпродавани модели се Corolla, Yaris, Yaris Cross, RAV4 и C-HR. Овие модели учествуваат со 74% во вкупната продажба. Уделот на електрифицирани модели се зголеми за 16% на 677.823 продадени возила, што одговара на 65% удел во вкупната продажба.

Престижната марка Lexus продаде 50.467 возила, со тоа што уделот на електрифицираните модели таму изнесува дури 81% процент. Понудата од модели ги опфаќа СУВ-возилата RX, NX, UX, GX и LX, коишто сочинуваат 89% од продажбата. Lexus лани ја изгуби Русија, како голем пазар за марката. Годинава се очекува да биде подобра, со почетокот на продажбата на новиот RX уште во јануари. Гамата на моделот вклучува три варијанти, хибриден RX 350h , приклучен хибриден RX 450h+ и за првпат турбо-хибриден RX 500h, со бензинец со турбонатполнење. Во текот на летото се очекува да започне и продажбата на првиот модел на Lexus што користи сопствена платформа за електричен погон, RZ 450e.

Продажба на Toyota Motor Europe во 2022 година:

ВКУПНО TOYOTA / LEXUS          1,080,975
TOYOTA          1,030,508
AYGO                  8,116
AYGO X                74,427
Yaris (incl. Yaris Hybrid)             185,781
  Yaris Hybrid             147,082
Yaris Cross (incl Yaris Cross Hybrid)             156,086
Yaris Cross Hybrid             146,988
Corolla H/B & Touring Sports (including Hybrid)             107,450
  Corolla H/B & Touring Sports Hybrid             103,620
Toyota C-HR (incl. Hybrid)             109,543
  Toyota C-HR Hybrid             108,950
Corolla  SDN (incl. Hybrid)                74,828
Corolla SDN Hybrid                34,766
Corolla Cross Hybrid                11,417
Prius Family                  1,629
Prius                     842
Prius Plug-in Hybrid                     787
Mirai                     753
Camry (incl. Camry Hybrid)                15,127
  Camry Hybrid                  7,914
Supra                     830
 RAV4 (incl. RAV4 Hybrid & RAV4 Plug-In Hybrid)             113,297
RAV4 Hybrid                73,403
RAV4 Plug-In Hybrid                21,044
bZ4X 3,510
Highlander (incl. Highlander Hybrid)                  8,576
Highlander Hybrid                  7,933
Land Cruiser                33,872
Hilux                45,080
PROACE (inc PROACE EV)                34,059
PROACE EV (inc PROACE VERSO EV)              4,988
PROACE CITY                38,229
PROACE CITY EV (inc PROACE CITY VERSO EV             3,826
Other models 7,898
LEXUS                50,467
IS (incl. IS Hybrid)                       86
ES (incl. ES Hybrid)                  4,895
   ES hybrid                  3,986
LS (incl. LS Hybrid)                     167
   LS hybrid                     163
NX (incl. NX Hybrid)                17,504
   NX hybrid                  8,424
   NX PHEV                  7,749
UX (incl. UX Hybrid)                14,559
   UX Hybrid                12,450
   UX EV                  1,519
RX (incl. RX Hybrid)                10,750
   RX hybrid                6,440
RC (incl. RC Hybrid)                     30
LC (incl. LC Hybrid)                   297
  LC hybrid 54
GX                     361
LX                  1,818

Моделите што се наведени со закосени букви се локално произведени модели во фабриките на Toyota во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следниот Audi Q3 ќе вози на струја

Mercedes се рекламира како работодавец, кампања „станете дел од нас“