за

Toyota Aygo и во новата генерација ќе доаѓа од Чешка

Новата генерација на Toyota Aygo ќе ја користи платформата од Yaris и ќе се произведува во фабриката во Колин. Може да се очекува и ново име.

Toyota продолжува сама да произведува автомобили во фабриката во Колин, Чешка, откако Aygo-партнерите Peugeot и Citroen се здружија со Fiat и во иднина ќе ги произведуваат своите модели во овој сегмент во рамките на Stellantis. Јапонската марка ќе ја користи техниката од Yaris за својот најмал модел, сo којшто производителот има големи планови.

Европскиот огранок на Toyota ќе го произведува својот нов најмал модел во Чешка, во TMMCZ (Toyota Motor Manufacturing Czech Republic). Фабриката во Колин веќе е подготвена да го произведува новиот Toyota Yaris, односно е подготвена за автомобили базирани врз архитектурата TNGA. Со тоа, новиот Aygo ќе биде втор модел врз платформата GA-B, што ќе излегува од лентите во Колин.

Уште нема конкретни податоци околу наследникот на Aygo. Единствено се наведува дека новиот мдоел во А-сегментот во секој поглед ќе биде европски автомобил, почнувајќи од развојот, до производството. Со овој чекор Toyota ги зајакнува своите темели во Европа. Новиот модел ќе има значителен удел во плановите на Toyota да достигне годишна продажба од 1,5 милион возила во Европа најдоцна до 2025 година.

Новиот модел ќе претставува значаен придонес за нашиот раст во Европа и го зајакнува нашиот ангажман во овој регион“, изјави Марвин Кук, заменик извршен директор во Toyota Motor Europe. „Тој ќе им понуди привлечен влез во марката на купувачите во А-сегментот и преку плаформата што ја користи заеднички со Yaris ќе придонесе продукцијата на помали автомобили да го постигне неопходниот скалест ефект.“

Името на новиот модел, како и планираната годишна продажба и пазарниот старт ќе бидат соопштени наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda N-Box достигна два милиони примероци

volkswagen traton navistar lonestar

Хакери го нападнале производителот на камиони Navistar