за

Honda N-Box достигна два милиони примероци

Honda N-Box со години е најпродаван микро-автомобил во Јапонија. Вкупно два милиони примероци се продадоа од моделот што е 3,4 метри кус.

Јапонската марка со големо име во мотоспортот, некогаш уживаше многу подобри продажби во Европа отколку денес. Ситацијата во САД е сосем различна, таму CR-V и Accord се меѓу најпродаваните модели воопшто на пазарот. На домашниот пазар, пак, еден од главните носители на продажбата на Honda е микро-автомобилот N-Box. Тој сега е двоен милионер.

Најпродаваниот микро-автомобил во Јапонија уште од 2015 година наваму е Honda N-Box. Малечкиот автомобил со бројни способности сега доживеа важен јубилеј. Продадени се два милиони примероци од моделот на јапонскиот пазар.

N-Box е член на семејството микро-автомобили на Honda коешто се води под буквата N и постои во понудата на марката од 2011 година. Во ова моделско семество влегуваат уште N-One, N-WGN и N-Van. Постојат подизведби и од самиот N-Box. Највпечатлива е N-Box Slash, со спуштен покрив, иако таа уште потекнува од претходната генерација.

Лани Honda продала близу 200.000 примероци од N-Box на домашниот пазар, а продадените 93.000 примероци во првите пет месеци ветуваат дека продажбата до крајот на годинава ќе ги надмине ланските бројки.

Втората генерација беше претставена во 2017 година, шест години по премиерата на N-Box. Согласно строгите јапонски норми, микро-автомобилот е долг 3,4 метри, а под хаубата има трицилиндарец со турбонатполнење, со зафатнина од 658 сантиметри кубни (законите ограничуваат на 660 cm3). Купувачите на овие возила уживаат посебни даночни погодности.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda започна со производство на моделот за индискиот пазар

Toyota Aygo и во новата генерација ќе доаѓа од Чешка