Škoda започна со производство на моделот за индискиот пазар

Во фабриката во Пун денес започна редовното сериско производство на Škoda Kushaq. Првите сопственици ќе ги добијат своите возила во јули. Škoda Kushaq е прв модел што се произведува локално во Индија, како дел од проектот Индија 2.0, во којшто чешката марка е главна за целиот концерн.

Компактниот СУВ-модел е конструиран врз платформата MQB-A0, којашто е преправена за локалниот пазар и ја носи додавката IN. Квалитетите со коишто Kushaq ќе ги освојува купувачите се впечатлив дизајн, просторна кабина, комфор, безбедност, штедливи мотори TSI и напредни инфо-забавни системи.

Во следните години, концернот ќе понуди вкупно четири модели од марките Škoda и Volkswagen, што се конструирани врз платформата MQB-A0-IN и посебно се наменети за големиот и растечки индиски пазар. Само пет проценти од вредноста на компонентите што се вградуваат во Kushaq се испорачуваат од странство, останатите 95% се од локална продукција.

Вкупната инвестиција на концернот во Индија до 2022 година ќе достигне една милијарда евра. Целта е да се зајакне позицијата на Volkswagen на овој пазар чијшто раст е од стратешка важност. Лани во Индија биле продадени околу три милиони возила, во земја со 1,3 милијарда жители. Освен за индискиот пазар, Škoda раководи и со регионите на Северна Африка и Русија, заедно со поранешните руски републики.

Претходна објаваСпасувачкиот хеликоптер на АДАК лета со био-керозин
Следна објаваHonda N-Box достигна два милиони примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here